Bosch Professional GNH 18V-64 Original Instructions Manual page 220

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
220 | Македонски
Употреба
Системи за активирање
Поединечно активирање со осигурувач
Кај овој систем за активирање најпрво мора стабилно да
се постави осигурувачот за активирање (2) на делот што
се обработува. Муницијата ќе се испука откако ќе се
притисне чкрапалото (5).
Потоа може да се активираат и други процеси на
набивање, доколку чкрапалото и осигурувачот за
активирање повторно се вратат во првобитната позиција.
Активирање на контактот со автоматско враќање
(GNH 18V-64 M)
Кај овој систем за активирање најпрво мора да се
притисне чкрапалото (5) и да се држи во оваа позиција.
Потоа мора стабилно да се постави осигурувачот за
активирање на делот што се обработува за да се исфрли.
Се додека чкрапалото (5) го држите притиснато,
пoнатамошните процеси на набивање може да се
активираат со повторно допирање на друга точка.
Во режимот за активирање на контактот може да се
наби шајка со поединечно активирање.
Ставање во употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Вметнување на батеријата
– Наполнетата акумулаторска батерија (7) ставете ја во
отворот за акумулаторска батерија на електричниот
алат, додека не се заклучи.
Вклучување/Исклучување (види слика B1−B2)
– За вклучување на електричниот алат држете
притиснато на копчето за вклучување/
исклучување (18) најмалку 1 секунда.
Приказот на прекинувачот за вклучување/
исклучување (19) свети зелено.
GNH 18V-64 M: Поединечното активирање е
активирано, приказот свети бело (20).
– За исклучување на електричниот алат држете
притиснато на копчето за вклучување/
исклучување (18) најмалку 1 секунда.
Испукување на шајки − Поединечно активирање (види
слика B1−B2)
– Вклучете го електричниот алат.
– Поставете го отворот (15) или ев. гумираниот штитник
на делот за обработка (1) цврсто на делот што се
обработува, сè додека осигурувачот за активирање (2)
не се притисне целосно.
1 609 92A 81N | (01.08.2022)
– Потоа кратко притиснете го чкрапалото (5) и повторно
пуштете го.
Притоа ќе се испука една шајка.
– Оставете го електричниот апарат да се врати назад од
делот што се обработува.
– За следниот процес на набивање подигнете го
електричниот апарат од делот што се обработува и
поставете го цврсто на следното место.
Испукување на шајки − активирање на контактот
(види слика B1)
(GNH 18V-64 M)
– Вклучете го електричниот алат.
– Активирајте го контактот со притискање на копчето за
вклучување/исклучување (18).
Приказот за активирање на контактот (21) свети бело.
– Држете го притиснато чкрапалото (5).
– Поставете го отворот (15) или ев. гумираниот штитник
на делот за обработка (1) цврсто на делот што се
обработува, сè додека осигурувачот за активирање (2)
не се притисне целосно.
Притоа ќе се испука една шајка.
– За следниот процес на набивање држете го
електричниот алат (5) и подигнете го од делот што се
обработува. Поставете го повторно цврсто на следното
сакано место.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Пред секој почеток на работата проверете дали
беспрекорно функционираат уредите за безбедност и
активирање, како и дали се цврсто поставени завртките и
навртките.
Веднаш исклучете го електричниот апарат којшто е
дефектен или не работи беспрекорно од доводот на
енергија и контактирајте ја овластената сервисна служба
на Bosch.
Не вршете недозволени интервенции на електричниот
апарат. Не ги демонтирајте или блокирајте деловите на
електричниот апарат, како на пр. осигурувачот за
активирање.
Не извршувајте „Итни поправки" со несоодветни
средства. Електричниот алат треба редовно и правилно
да се одржува.
Избегнувајте ослабување и оштетување на електричниот
апарат, на пр. при:
– забивање или гравирање
– доколку производителот не дозволил преправки,
– водење по шаблони, коишто се изработени од цврст
материјал, на пр. челик,
– испаѓање и туркање преку под,
– употреба како чекан,
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Professional gnh 18v-64 m

Table of Contents