Чистење И Одржување; Одмрзнување - Daewoo FKM367FCN0RS User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5 ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Исклучете го апаратот од струја
пред чистење.
Не чистете го истурајќи вода врз
него.
Не користете абразивни средства,
детергенти или сапун за чистење на
апаратот. По миење, исплакнете со чиста
вода и исушете темелно. Кога ќе
завршите со чистење, со суви дланки
повторно поврзете го приклучокот со
главното напојување.
• Во куќиштето на светилката не смее
да навлезе вода, ниту пак во другите
електрични делови.
• Апаратот треба редовно да се чисти
со раствор од сода бикарбона и млака
вода.
• Дополнителната опрема се чисти
засебно, рачно со сапун и вода. Не
мијте ги додатоците во машина за
перење садови.
• Барем еднаш годишно чистете го
кондензаторот со четка. Ова ќе
помогне да заштедите на трошоци
за енергија и да ја зголемите
продуктивноста.
Мора да се исклучи
електричното напојување за
време на чистењето.
5.1 Одмрзнување
сад за вода
• Вашиот апарат извршува автоматско
одмрзнување. Водата што се појавува
како резултат на одмрзнувањето,
поминува низ жлебот за собирање на
водата, истекува во садот за вода зад
уредот и испарува оттаму.
• Проверете дали сте го исклучите
апаратот од штекер пред да го чистите
садот за вода.
• Отстранете го садот за вода од
неговата положба со тоа што ќе ги
отстраните шрафовите (доколку има).
Чистете го со вода и детергент на
посочените интервали. Ова спречува
создавање непријатна миризба.
Замена на ЛЕД-светилката
За замена на ЛЕД-светилките ве молиме
контактирајте го најблискиот овластен
сервисен центар.
Забелешка: Броевите и локацијата
на ЛЕД лентите може да се
различни во зависност од моделот.
Доколку производот е опремен со LED
светилка
Овој производ содржи извор на светлина
од класа за енергетска ефикасност <E>.
Ако производот е опремен со LED
лента (и) или LED картичка (и)
Овој производ содржи извор на светлина
од класа за енергетска ефикасност <F>.
MK - 46

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents