Makita UB002CZ Instruction Manual page 60

Battery powered backpack blower
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Ламбичката на индикаторот за
преостанатиот капацитет на батеријата е само за
референца. Вистинскиот капацитет на батеријата
може да се разликува зависно од условите на
користење или амбиенталната температура.
НАПОМЕНА: Додека машината работи,
ламбичката на индикаторот не светнува, дури и
ако го притиснете копчето за проверка.
НАПОМЕНА: Ламбичката автоматски се исклучува
по неколку секунди.
Систем за заштита на машината/
батеријата
Машината е опремена со систем за заштита на
машината/батеријата. Овој систем автоматски
го прекинува напојувањето на моторот за да
го продолжи работниот век на машината и на
батеријата. Машината автоматски ќе се исклучи
за време на работењето ако тој или батеријата се
најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Кога со батеријата се ракува на начин што
предизвикува повлекување нетипично висока
струја, машината автоматски се исклучува и
ламбичката за главно напојување трепка зелено.
Во таква ситуација, исклучете ја машината и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, вклучете ја машината за
да се рестартира.
НАПОМЕНА: Ламбичката за главно напојување
исто така трепка зелено и машината автоматски
запира ако со неа се работи континуирано долго
време. Во овој случај, отпуштете го прекинувачот
за стартување и целосно вратете го контролниот
лост, а потоа повлечете го за да ја рестартирате
машината.
Заштита од прегревање
Кога машината или батеријата се прегреани,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
оставете ги машината и батеријата да се оладат
пред повторно да ја вклучите.
НАПОМЕНА: Ламбичката за главно напојување
трепка црвено кога батеријата е прегреана.
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата не е доволен,
машината автоматски ќе запре и ламбичката за
главно напојување трепка црвено. Во овој случај,
извадете ја батеријата од машината и наполнете
ја батеријата или сменете ја батеријата со целосно
наполнета.
Заштита од други причини
Системот за заштита исто така е дизајниран и за
други причини што може да ја оштетат машината и
овозможува таа да запре автоматски. Преземете ги
сите следни чекори за да ги отстраните причините
кога машината е доведена до привремено запирање
или престанување на работата.
1.
Исклучете ја машината и потоа повторно
вклучете ја за да се рестартира.
2.
Наполнете ја батеријата(ите) или заменете ја/
ги со наполнета батерија(и).
3.
Оставете ги машината и батеријата(ите) да се
оладат.
Доколку не дојде до подобрување со враќање на
системот за заштита, контактирајте со локалниот
сервисен центар на Makita.
ЗАБЕЛЕШКА:
причина што не е опишана погоре, погледнете
го делот за решавање проблеми.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
За да ја вклучите машината, притиснете
го прекинувачот за главно напојување. За
исклучување, повторно притиснете го прекинувачот
за главно напојување.
► Сл.21: 1. Ламбичка за главно напојување
2. Прекинувач за главно напојување
НАПОМЕНА: Машината има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи
кога машината не работи определено време
по вклучување на прекинувачот за главно
напојување.
НАПОМЕНА: Доколку ламбичката за главно
напојување свети црвено или трепка црвено или
зелено, погледнете ги упатствата за системот за
заштита на машината/батеријата.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
монтирате преносливиот пакет за напојување
со машината, секогаш проверувајте дали
прекинувачот за стартување функционира
правилно и дали се враќа во положбата „OFF"
кога ќе се отпушти.
За вклучување на машината, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Брзината се
зголемува со зголемување на притисокот на
прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
► Сл.22: 1. Прекинувач
60 МАКЕДОНСКИ
Ако машината сопре поради
Секогаш
Пред да го

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Ub002c

Table of Contents