Bosch Professional GRL 400 H Instructions Manual page 128

Hide thumbs Also See for Professional GRL 400 H:
Table of Contents

Advertisement

128 | Македонски
d
– Вртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
неговата позиција. Оставете го да се нивелира и
обележете ја средината на ласерскиот зрак на ѕидот
(точка II). Внимавајте на тоа, точката Ⅱ да лежи што е
можно повертикално над одн. под точката Ⅰ.
Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅱ на ѕидот го дава
фактичкото отстапување од висината на мерниот уред за
измерената оска.
Повторете ја мерната постапка за другата оска. Вртете го
мерниот уред пред почетокот на мерната постапка за 90°.
На мерна линија од 30 m максималното дозволено
отстапување изнесува:
30 m × ±0,08 mm/m = ±2,4 mm. Разликата d меѓу
точките Ⅰ и Ⅱ кај секоја од двете мерни постапки смее да
изнесува најмногу 4,8 mm.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
u
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (17) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката површина на целната табла на
ласерот (17) ја подобрува видливоста на ласерската
линија, низ транспарентната површина ласерската линија
е видлива и од задната страна на целната табла на
ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
5/8"-прифатот на стативот (9) на навојот на
стативот (14). Зацврстете го мерниот уред со завртка за
фиксирање на стативот.
Кај статив со мерна скала на извлекување може директно
да го подесите отстапувањето по висина.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите
мерниот уред.
Работење со ласерски приемник (опрема)
При неповолни светлосни услови (осветлена околина,
директни сончеви зраци) и на големи растојанија за
1 609 92A 8LK | (20.04.2023)
подобро наоѓање на ласерските линии користете го
ласерскиот приемник (12).
180°
Кај ротирачките ласери со повеќе режими на работа
изберете хоризонтален или вертикален режим со
највисоката ротирачка брзина.
За да работите со ласерскиот приемник, прочитајте го и
внимавајте на ова упатство за употреба.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика A)
За контрола на рамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва (13) заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва (13) горе има нанесено релативна
мерна скала. Нејзината нулта висина може да ја изберете
долу на излезот. На тој начин директно се отчитуваат
отстапувањата од зададената висина.
Ласерски заштитни очила (опрема)
Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната
светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа
посветло за окото.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како заштитни очила.
Ласерските заштитни очила служат за подобро
распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не
штитат од ласерското зрачење.
Не ги користете ласерските заштитни очила
u
(дополнителна опрема) како очила за сонце или
пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат
целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето
на бои.
Примери за работа
Проверка на длабочината на градежните јами
(види слика A)
Поставете го мерниот уред на стабилна подлога или
монтирајте го на статив (14).
Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја висината
на целното место.
Работење без статив: Одредете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка. Пренесете ја одн. проверете ја измерената
висинска разлика на целното место.
При мерење на големи растојанија, мерниот уред треба
да го поставувате секогаш во средината на работната
површина и да го поставите на статив, за да го намалите
влијанието на пречките.
При работење на несигурен под, монтирајте го мерниот
уред на стативот (14). Внимавајте - функцијата за
предупредување за удар е активирана, за да избегнете
погрешни мерења при движење на подот или потреси на
мерниот уред.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents