Milwaukee M18 F2BL Original Instructions Manual page 60

Hide thumbs Also See for M18 F2BL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 9
• Повреди предизвикани како
последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките
предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може
да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите
и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да
предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила,
долги пантолони, ракавици и цврсти
чевли.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА
УПОТРЕБА
Издувувачот на лисја на батерии
служи за дување на нечистотија и
лисje.
Не го користете овој производ
на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за
полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од
30 дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за
литиум-јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат
на мошне висока потрошувачка на струја, на пример
екстремно високи вртежни моменти, заглавување на
118
бургијата, ненадејно стопирање или краток спој, електро-
алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка и
електро-алатот самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се
загрева премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички
од приказот за полнење сè додека батеријата не се
излади. По гаснење на приказот за полнење може да се
продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби
за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни
на одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот
процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Проверете дали сите навртки и завртки се стегнати и
осигурајте се дека уредот се наоѓа во безбедна работна
состојба.
Проверете го уредот и заменете ги истрошените или
оштетените делови.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата
на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
МАКЕДОНСКИ
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Носете ракавици!
Не ја изложувајте машината на дожд.
Допирањето на отворите за влез на воздух
може да доведе до повреди.
Обратете внимание на тоа, долгата коса да не
биде вовлечена во всмукувачот на воздух затоа
што тоа би можело да доведе до повреди.
Немојте да носите широка облека или накит, кој
што може да биде вшмукан.
Држете ги случајните минувачи настрана.
Погрижете се случајните минувачи да не бидат
погодени од материјали што се исфрлаат или
паѓаат.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема
како несортиран комунален отпад. Отпадните
батерии и отпадната електрична и електронска
опрема мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место
за собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба
и рециклирање на отпадните батерии и
отпадната електрична и електронска опрема
помага да се намали побарувачката на
суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што
содржат литиум, и отпадната електрична
и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може
негативно да влијаат на животната средина и
на здравјето на луѓето доколку не се отстранат
на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Гарантираното ниво на звучна моќност на
плочката за идентификација изнесува 83 dB.
n
Вртежи на празен од
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
119

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

4933479989

Table of Contents