Bosch Professional GCU 18V-30 Instructions Manual page 146

Spiral saw
Hide thumbs Also See for Professional GCU 18V-30:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 12
146 | Македонски
Доколку навртката за осигурување или затегнувачката
чаура се оштетени, веднаш заменете ги.
Притиснете го копчето за блокада на вретеното (8) и
држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го
вретеното на моторот, додека не се фиксира.
Одвртете ја навртката за осигурување (12) со вилушкаст
клуч (13) со вртење во правецот на вртење ➊.
Отпуштете го копчето за блокада на вретеното.
Доколку е потребно, пред склопувањето исчистете ги
сите монтажни делови со мека четка или со издувување
со помош на компресиран воздух.
Ставете ја новата навртка за осигурување на прифатот за
алат (14).
Лабаво затегнете ја навртката за осигурување со вртење
во правецот на вртење ➋.
Во никој случај не затегнувајте ја затезната чаура
u
со навртката за осигурување, додека не е
монтирана алатка за вметнување. Инаку,
затегнувачката чаура може да се оштети.
Вметнете го граничникот за длабочина (2) заедно со
адаптерот за системот за всисување прав (3) во
електричниот алат и прицврстете го со завртка за
прицврстување (9).
Ставање на алатот за вметнување (види слика B)
При вметнување и менување на алатите за
u
вметнување се препорачува да се носат заштитни
ракавици.
Во зависност од примената, алатите за вметнување се
достапни во различни модели и квалитети.
Алатите за вметнување со врв се погодни за рамно
сечење на гипс картони.
Алатите за вметнување со спирален жлеб се погодни за
сечење OSB плочи, иверици, шперплочи, пенести
материјали и пластика.
Оригиналните алатки за вметнување од широкиот обем
на додатоци на Bosch може да ги најдете кај вашиот
специјализиран трговец.
Користете само беспрекорни и чисти алатки за
вметнување.
– Отстранете ја завртката за прицврстување (9).
Демонтирајте го граничникот за длабочина (2) заедно
со адаптерот за системот за всисување прав (3).
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното (8) и
држете го притиснато. Доколку е потребно, свртете го
вретеното на моторот, додека не се фиксира.
– Олабавете ја навртката за осигурување (12) со
вилушкаст клуч (13) со вртење во правецот на
вртење ➊.
– Вметнете го алатот за вметнување во затезната чаура.
Вратилото на алатот за вметнување мора да се вметне
најмалку 20 mm во затезната чаура.
– Затегнете ја навртката за осигурување (12) со
вилушкастиот клуч (13) со вртење во правецот на
вртење ➋. Отпуштете го копчето за блокада на
вретеното (8).
1 609 92A 8A2 | (02.09.2022)
– Монтирајте го граничникот за длабочина (2) заедно со
адаптерот за системот за всисување прав (3).
Прицврстете го со завртката за прицврстување (9).
Во никој случај не затегнувајте ја затезната чаура
u
со навртката за осигурување, додека не е
монтирана алатка за вметнување. Инаку,
затегнувачката чаура може да се оштети.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика C)
Вметнете го адаптерот за системот за всисување прав (3)
во демонтираниот граничник за длабочина (2).
Монтирајте го граничникот за длабочина со адаптерот со
завртката за прицврстување (9) на електричниот алат.
Вметнете црево за всисување (Ø 35 mm) (15) (опрема)
во монтираниот адаптер (3). Поврзете го цревото за
всисување (15) со всисувач за прав (опрема). Прегледот
за приклучување на различните видови на всисувачи за
прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Употреба
Поставување граничник за длабочина (види
слика D)
Длабочината на сечење смее да се постави само
u
кога електричниот алат е исклучен.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents