Makita CE001G Instruction Manual page 62

Cordless power cutter
Hide thumbs Also See for CE001G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Кога се дополнува вода за време
на сечењето
ВНИМАНИЕ:
Кога користите дијамантско
тркало од влажен тип, секогаш дополнувајте
вода додека сечете.
Поврзете го алатот со доводот на вода и завртете
ја славината во насоката на стрелката, како што е
прикажано. Нагодете ја позицијата на славината за
да се добие умерен млаз вода.
► Сл.17: 1. Славина
ВНИМАНИЕ:
Кога дополнувате вода,
секогаш држете ја главата на алатот пониско
од телото на алатот за да спречите водата да
навлезе во механизмот на алатот. Во спротивно
може да дојде до струен удар.
► Сл.18
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, секогаш проверувајте дали алатот
е исклучен и касетата за батеријата е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на алатот
По секоја употреба, отстранете ги касетите за
батеријата и тркалото, а потоа исчистете ги правот,
нечистотијата или металните струготини насобрани
во внатрешноста на штитникот за тркало. Чистете го
телото на алатот така што ќе ја бришете прашината
со сува крпа или крпа натопена во сапуница, па
исцедена. Користете сува крпа за да ја избришете
нечистотијата од леќата на ламбата. Внимавајте
да не ја изгребете леќата на ламбата затоа што тоа
може да го намали осветлувањето.
► Сл.19: 1. Штитник за тркало 2. Леќа на ламбата
Чистење на отворот за
вентилација
Редовно чистете ги отворите за воздух на алатот или
секогаш кога ќе се извалкаат.
► Сл.20: 1. Вентилација на воздухот
Заменување на ременот за
синхронизирање
1.
Извадете ги касетите за батеријата и тркалото.
2.
Олабавете ги завртките со имбус-глава со
врвот на окастиот клуч и потоа извадете го капакот.
► Сл.21: 1. Окаст клуч 2. Завртка со имбус-глава
3. Капак
3.
Притиснете го копчето за блокада на оската
и држете го за да се блокира големата макара, а
потоа свртете ја навртката налево со тенкиот крај на
окастиот клуч.
► Сл.22: 1. Голема макара 2. Копче за блокада на
оската
4.
Притиснете го копчето за блокада на оската
и држете го за да се блокира големата макара, а
потоа свртете го малиот диск налево со дебелиот
крај на окастиот клуч за да се олабави ременот за
синхронизирање.
► Сл.23: 1. Копче за блокада на оската 2. Голема
макара 3. Мал диск
5.
Извадете го ременот.
6.
Со жлебовите на ременот внатре, прикачете го
едниот крај од ременот на малата макара, а потоа
прикачете го другиот крај од ременот на големата
макара.
► Сл.24: 1. Ремен 2. Голема макара 3. Мала
макара
7.
Притиснете го копчето за блокада на оската и
држете го за да се блокира големата макара, а потоа
свртете го малиот диск надесно со дебелиот крај на
окастиот клуч за да се затегне ременот.
► Сл.25: 1. Копче за блокада на оската 2. Голема
макара
НАПОМЕНА: Осигурете се дека малиот диск е во
позицијата како што е прикажано на сликата.
► Сл.26: 1. Мал диск
8.
Притиснете го копчето за блокада на оската и
држете го за да се блокира големата макара, а потоа
свртете ја навртката надесно со тенкиот крај на
окастиот клуч.
► Сл.27: 1. Копче за блокада на оската
НАПОМЕНА: При зацврстување на навртката,
применете 19 - 21 N•m како затезен момент.
9.
Прикачете го капакот и потоа затегнете ги
завртките со имбус-глава со врвот на окастиот клуч.
► Сл.28: 1. Окаст клуч 2. Завртка со имбус-глава
3. Капак
62 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents