Download Print this page

Makita ML010G Instruction Manual page 166

Cordless area worklight
Hide thumbs Also See for ML010G:

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување или
проверка на уредот, секогаш проверувајте
дали е исклучен и касетата за батеријата е
извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте
го уредот пред да го монтирате или да ја
отстраните касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги уредот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто уредот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте да не си ги фатите
прстите помеѓу уредот и касетата за батерија
кога ја полните касетата за батерија како и
помеѓу уредот и капакот на батеријата кога го
затворате капакот на батеријата.
За да ја монтирате касетата за батеријата,
ослободете ја бравата на капакот и отворете го
капакот на батеријата.
► Сл.2: 1. Блокирање на капакот 2. Капак на
батеријата
За монтирање на касетата за батерија, порамнете
го јазичето на касетата за батерија со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја докрај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
звук.
Потоа затворете го капакот на батеријата.
► Сл.3: 1. Копче 2. Касета за батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од уредот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно. Во спротивно,
може ненадејно да испадне од уредот,
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
НАПОМЕНА: Може да се монтираат најмногу
4 касети за батерија, иако уредот користи една
касета за батерија за работа.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.4: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за
проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Индикатор за батерија
Овие индикатори ја покажуваат батеријата што се
користи или преостанатиот капацитет на батеријата.
Секој од индикаторите соодветствува на секоја од
батериите како што е покажано на сликата.
► Сл.5: 1. Индикатор за батерија
Индикатор за батеријата што се
користи
При вклучување на уредот, светнуваат индикаторите
на поставените батерии.
Неколку секунди подоцна светнува индикаторот за
батеријата што се користи во моментот.
Боја на индикаторот
Зелено
Црвено
166 МАКЕДОНСКИ
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
Капацитет на батерија
Има преостанат капацитет
на батеријата.
Нема капацитет на
батеријата.
(Батеријата е испразнета)

Advertisement

loading