Makita DTD172RTJ Instruction Manual page 66

Hide thumbs Also See for DTD172RTJ:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Вклучување
► Сл.3: 1. Прекинувач
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја ставите батеријата
во алатот, проверете го прекинувачот дали
функционира правилно и дали се враќа во
положбата „OFF" кога ќе се отпушти.
За вклучување на алатот, едноставно повлечете го
прекинувачот за стартување. Брзината на алатот
се зголемува со зголемување на притисокот врз
прекинувачот. Отпуштете го прекинувачот за да
сопрете.
НАПОМЕНА: Алатот автоматски запира ако го
држите прекинувачот повлечен околу 6 минути.
НАПОМЕНА: При повлекување на прекинувачот
за стартување, другите копчиња не
функционираат.
Прекинувач за обратна акција
► Сл.4: 1. Рачка на прекинувачот за обратна акција
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте ја
насоката на ротација пред работата.
ВНИМАНИЕ:
Користете го прекинувачот за
обратна акција само откако алатот целосно ќе
запре. Променувањето на насоката на ротација
пред алатот целосно да застане може да го
оштети алатот.
ВНИМАНИЕ:
Кога не работите со алатот,
секогаш поставувајте го прекинувачот за
обратна акција во неутрална положба.
Овој алат има прекинувач за обратна акција за
променување на насоката на ротација. Отпуштете
го прекинувачот за обратна акција од страна А за
ротација во насока на стрелките на часовникот или
од страна B за ротација во насока спротивна од
стрелките на часовникот.
Кога рачката на прекинувачот за обратна акција е
во неутрална положба, не може да го стартувате
алатот.
Електрична сопирачка
Алатот е опремен со електрична сопирачка. Ако
алатот постојано не успева брзо да запре по
отпуштање на прекинувачот за стартување, алатот
треба да се однесе на сервис во сервисен центар
на Makita.
Вклучување на предната ламба
ВНИМАНИЕ:
светлината или во изворот на светлина.
► Сл.5: 1. Предна ламба
► Сл.6: 1. Копче
Повлечете го прекинувачот за стартување за
вклучување на предните ламбички. За исклучување,
отпуштете го прекинувачот за стартување. Предните
ламбички ќе се исклучат приближно 10 секунди по
отпуштањето на прекинувачот за стартување.
За исклучување на предните ламбички пред
истекот на 10 секунди, притиснете го и задржете
го копчето неколку секунди.
За да ги оневозможите предните ламбички,
исклучете го статусот на ламбичка. За да го
исклучите статусот на ламбичка, прво повлечете го
и ослободете го прекинувачот за стартување. Во рок
од 10 секунди откако ќе го ослободите прекинувачот
за стартување, притиснете го и задржете го
копчето неколку секунди.
Кога статусот на ламбичка е исклучен, предните
ламбички не се вклучуваат дури ни кога ќе го
повлечете прекинувачот.
За повторно вклучување на статусот на ламбичка,
притиснете го и задржете го копчето неколку
секунди.
НАПОМЕНА: Кога алатот е прегреан, предните
ламбички трепкаат една минута, а потоа панелот
со прекинувачи се исклучува. Во ваков случај,
изладете го алатот пред да започнете повторно да
работите со него.
НАПОМЕНА: За да го потврдите статусот на
ламбичката, повлечете го прекинувачот кога
рачката на прекинувачот за обратна акција не е
во неутрална положба. Кога предните ламбички
светнуваат со повлекување на прекинувачот за
стартување, нејзиниот статус е вклучен. Кога
предните ламбички не светнуваат, нејзиниот
статус е исклучен.
НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на предните
ламбички. Внимавајте да не ја изгребете леќата
на предните ламбички затоа што тоа може да го
намали осветлувањето.
Режим за светло
Може да го користите алатот како погодна светилка.
За да го вклучите светлото, поставете ја рачката
на прекинувачот за обратна акција во неутрална
положба и повлечете го прекинувачот за
стартување.
Ламбичката свети околу еден час.
За да го исклучите светлото, повторно повлечете
го прекинувачот за стартување или притиснете ја
рачката на прекинувачот за обратна акција.
66 МАКЕДОНСКИ
Не гледајте директно во
2. Панел со прекинувачи

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dtd172

Table of Contents