Makita CL121D Instruction Manual page 52

Cordless cleaner
Hide thumbs Also See for CL121D:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање на хартиениот филтер
Користете го запирачот на прав и кога го монтирате
хартиениот филтер. Внимавајте да не ги побркате
горната и долната страна, бидејќи се разликуваат
меѓу себе.
► Сл.11: 1. Горна страна на запирачот на прав
2. Долна страна на запирачот на прав
1.
Одвиткајте го влезот на хартиениот филтер
пред да го поставите на запирачот на прав.
► Сл.12
2.
Вметнете го испакнатиот дел од хартиениот
филтер во жлебот на запирачот на прав како што е
покажано на сликата.
Хартиениот филтер нема разлика помеѓу горната и
долната страна. Може да го вметнете испакнатиот
дел од која било страна во жлебот на запирачот на
прав.
► Сл.13: 1. Запирач на прав 2. Жлеб 3. Хартиен
филтер
3.
Преклопете ја рамката на запирачот на прав со
онаа на хартиениот филтер.
► Сл.14
4.
Поставете ги запирачот на прав и хартиениот
филтер заедно во празнината на правосмукалката
во иста насока како стрелката на запирачот на прав.
Вметнете ги до крај во отворите во празнината на
правосмукалката.
► Сл.15: 1. Отвор
5.
Поставете го целиот дел од склопот на
хартиениот филтер внатре во самиот алат.
► Сл.16
6.
Целосно затворете го капакот на кутијата за
прав.
► Сл.17: 1. Капак на кутијата за прав
НАПОМЕНА: Кога хартиениот филтер не е
инсталиран во правосмукалката, капакот на
кутијата за прав не се затвора правилно.
Монтирање на прерамката
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте прерамката да не
се фати во предмети во вашето окружување.
ВНИМАНИЕ:
Внимавајте прерамката да
не ви се лизне од рамото кога ја користите
правосмукалката. За стабилно ракување со
правосмукалката, се препорачува да ја носите
прерамката вкрстена пред градниот кош.
Прикачете ги куките од прерамката на држачите на
правосмукалката како што е прикажано на сликата.
► Сл.18: 1. Прерамка за рамо 2. Кука 3. Држач
НАПОМЕНА: Прерамката исто така може да ја
прикачите на меката торба (опционален додаток),
како што е прикажано на сликата.
► Сл.19: 1. Прерамка за рамо 2. Мека торба
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
кога ја носите правосмукалката. Доколку го
држите делот на приклучокот за носење, тој може
да се извади од правосмукалката и да дојде до
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
црево како што е прикажано на сликата.
Држењето на спојката за црево може да
предизвика да ви биде штипнат прстот.
► Сл.20: 1. Спојка за црево
Користење како вакуумска
правосмукалка
НАПОМЕНА: Пред смукање, извадете го
приклучокот на дувалката. Доколку приклучокот на
дувалката е прикачен на правосмукалката, ќе се
намали силата на смукање.
Монтирање или отстранување на
приклучокот на правосмукалката
За да приклучите додаток, како на пример додаток
за агли, завртете го и вметнете го цврсто во цревото.
За да го отстраните, завртете го и извадете го.
Начинот на монтирање се разликува во зависност
од додатоците, како што е прикажано на сликата.
► Сл.21: 1. Црево 2. Додаток за гума 3. Мека четка
4. Додаток за седишта 5. Додаток за
теписи
Смукање
Додаток за гума
Овој додаток е погоден за чистење на аглите на
подот, како на пример џеб врата. Додатокот за гума
е нежен спрема површината за чистење.
► Сл.22: 1. Додаток за гума
Мека четка
Додатокот е погоден за чистење на отворите за
вентилација на клима-уредите, инструмент-таблата
итн. Главата на меката четка може да се сврти кон
вистинскиот агол.
► Сл.23: 1. Мека четка
Додаток за седишта
Овој додаток има четка за текстилни влакненца за
чистење на површината на седиштето. Страничната
четка на додатокот е корисна за собирање на правот
од браздите.
► Сл.24: 1. Додаток за седишта 2. Странична четка
Додаток за теписи
Овој додаток се користи за чистење на простирка
за под и килим. Забецот на додатокот помага во
собирањето зрнца песок.
► Сл.25: 1. Додаток за теписи
52 МАКЕДОНСКИ
Секогаш држете ја рачката
Не фаќајте ја спојката за

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Cl121dwa

Table of Contents