Bosch UniversalFan 18V-1000 Original Instructions Manual page 102

Table of Contents

Advertisement

102 | Македонски
транспорт и складирање. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте го вентилаторот чист за да работи добро и
безбедно.
Ако акумулаторската батерија повеќе не е функционална,
контактирајте со овластен сервисен центар за
електрични алати на Bosch.
Редовно чистете го вентилаторот и решетката пред
отворите за вентилација. Честотата на чистење зависи од
средината на поставување и времетраењето на
употребата.
Редовно издувувајте ја внатрешноста на главата на
вентилаторот, пропелерот и просторот на куќиштето на
моторот со сув компримиран воздух.
За чистењето користете чиста крпа. Никогаш не чистете
го вентилаторот со течност за сопирачки, бензин,
производи на база на нафта или силни растворувачи.
Не користете подлошки за чистење направени од
пластика или челична волна. Тие можат трајно да влијаат
на структурата на површината.
Никогаш не чистете го вентилаторот со остри и/или
абразивни средства за чистење. Може да ја оштетите
површината на уредот.
Складирање
Отстранете ја батеријата од вентилаторот пред да го
складирате.
Чувајте го вентилаторот во сува и ладна просторија,
заштитена од директна сончева светлина, топлина и студ.
Чувајте го вентилаторот во оригиналното пакување за да
го заштитите од прашина.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
1 609 92A 87R | (16.08.2022)
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Транспорт
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на
барањата на Законот за опасни материјали. Батериите
може да се транспортираат само од страна на
корисникот, без потреба од дополнителни
квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и
спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се
движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на
евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Вентилаторите, батериите, опремата и
амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не фрлајте ги вентилаторите и батериите во
домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европската директива 2012/19/EU за стари
електрични и електронски уреди и нивната употреба во
националното законодавство, вентилаторите што се вон
употреба и дефектните или искористените батерии
според директивата 2006/66/EC мора одделно да се
соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и
електронската опрема може да имаат штетни влијанија
врз животната средина и здравјето на луѓето поради
можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Bе молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт
(види „Транспорт", Страница 102).
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents