Македонски - Philips AquaTrio Cordless Important Safety Information

Hide thumbs Also See for AquaTrio Cordless:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Македонски
34
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги користите полначот, адаптерот и батеријата и зачувајте ги за во иднина.
Опасност
-
Не потопувајте го полначот, батеријата или адаптерот во вода или во друга течност, ниту плакнете ги под чешма.
Предупредување
-
Пред да го поврзете полначот, проверете дали напонот наведен на адаптерот одговара на напонот од локалната електрична мрежа.
-
Пред употреба, секогаш проверувајте ги полначот, батеријата и адаптерот. Не користете го полначот, батеријата или адаптерот доколку
се оштетени. Секогаш заменувајте го оштетениот дел со оригинален.
-
Адаптерот има трансформатор. Не отсекувајте го адаптерот за да го замените приклучокот, бидејќи тоа предизвикува опасна ситуација.
-
Полначот, батеријата и адаптерот може да ги користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат упатства за
користењето на полначот, батеријата и адаптерот на безбеден начин и ако ги разбираат потенцијалните опасности. Деца не смее да си
играат со полначот, батеријата и адаптерот. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
-
Адаптерот мора да се извади од штекерот пред чистење прашина или одржување на полначот, батеријата или адаптерот.
-
Откачете го адаптерот ако планирате да не го користите полначот подолго време.
-
При складирање на батеријата подолго од еден месец (без користење или полнење), осигурете се дека батеријата е наполнета до
најмалку 50 %.
-
Однесете ги полначот, батеријата и адаптерот во овластен сервисен центар на Philips кога повеќе не можете да ја полните батеријата
или кога брзо се празни.
-
Полначот, батеријата и адаптерот се направени само за домашна употреба.
Внимание
-
При полнење, полначот, батеријата и адаптерот стануваат топли на допир. Тоа е нормално.
-
Не приклучувајте го, откачувајте го и не работете со полначот, батеријата или адаптерот со мокри раце.
-
Не откачувајте го приклучокот за напојување од надворешниот полнач преку тегнење на кабелот. Секогаш исклучувајте го со
извлекување на приклучокот за напојување од полначот и адаптерот од штекерот (Сл. 1).
-
Никогаш не користете полнач, батерија или адаптер од други производители или оние што Philips не ги препорачува конкретно.
Доколку користите таков полнач, батерија или адаптер, вашата гаранција станува неважечка.
Безбедносни упатства за батеријата
-
Користете ги полначот, батеријата и адаптерот само за нивната предвидена намена и следете ги општите и безбедносните упатства за
батеријата како што е опишано во упатствово за користење. Секое неправилно користење може да доведе до електричен удар,
изгореници, пожар или други опасности или повреди.
-
Полнете ја батеријата само со доставените полнач и адаптер. Користете го само адаптерот S036-1A340100HE од 34V. Соодветниот број
на адаптерот може да се најде на самиот адаптер.
-
Полнете ја, користете ја и чувајте ја батеријата на температура помеѓу 5°C и 35°C.
-
Не изложувајте го полначот, батеријата или адаптерот на директна сончева светлина или на високи температури (во близина на врели
печки, во микробранови печки или на индукциски шпорети). Ако се прегреат, батериите можат да експлодираат.
-
Ако батеријата се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете
со користењето или полнењето на батеријата и контактирајте со Philips.
-
Не ставајте ги полначот, батеријата или адаптерот во микробранови печки или на индукциски шпорети.
-
Кога ракувате со полначот, адаптерот и батериите, осигурете се дека рацете, полначот, адаптерот и батериите се суви.
-
За да спречите прегревање на батериите или ослободување токсични или опасни супстанции, не модифицирајте, не продупчувајте и не
оштетувајте ги производите и батериите и не расклопувајте ги, не предизвикувајте краток спој, не преоптоварувајте ги и не полнете ги
обратно батериите.
-
За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт
со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги
терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
-
Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со
вода и побарајте лекарска помош.
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.
Нарачување додатоци
За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или кај дистрибутер на Philips. Исто така,
може да се јавите во Центарот за грижа за корисниците на Philips во вашата земја (за детали за контакт погледнете во листот со
меѓународна гаранција).
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со
меѓународната гаранција.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата (Сл. 2).
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.
Отстранување на батериите на полнење
Отстранете ја батеријата од полначот кога ќе ја фрлате батеријата или полначот. Пред да ја фрлите батеријата, проверете дали батеријата е
целосно испразнета.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ги фрлате батериите.

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

9000 seriesXv1797

Table of Contents