Electrolux LNT8TE18S3 User Manual page 70

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

  • ENGLISH, page 1
70
www.electrolux.com
7.1 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно
избришете ги.
ВНИМАНИЕ!
Не користете детергенти,
абразивни средства,
средства за чистење со
хлор или на база на масло
затоа што може да ја
оштетат политурата.
ВНИМАНИЕ!
Додатоците и деловите од
апаратот не се соодветни
за миење во машина за
миење садови.
7.2 Периодично чистење
Опремата треба да се чисти редовно:
1. Измијте ги внатрешноста и
додатоците со млака вода и со
неутрален сапун.
2. Редовно проверувајте ги
заптивките на вратата и бришете
ги за да бидат чисти и без
остатоци од храна.
3. Исплакнете и избришете целосно.
7.3 Одмрзнување на
фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот на преградата на
фрижидерот при нормална употреба.
Водата од одмрзнувањето се испушта
низ корито во посебен сад на задната
страна од апаратот, преку моторниот
компресор, каде што испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето во средината на
каналот на преградата на фрижидерот
да се спречи прелевање на водата и
нејзино капење врз храната внатре.
За таа цел користете го чистачот за
цевки испорачан со апаратот.
7.4 Одмрзнување на
замрзнувачот
Преградата за замрзнување нема
мраз. Тоа значи дека не се формира
мраз додека работи, ниту на
внатрешните ѕидови, ниту на храната.
7.5 Замена на филтерот
CleanAir
Филтерот CleanAir е филтер со
активен јаглен којшто апсорбира лоши
мириси и овозможува да се задржат
најдобрите вкусови и ароми на сите
видови храна без опасност од
меѓусебно загадување на мирисите.
Со филтерот за воздух
треба да се ракува
внимателно за да се
спречи гребење на
неговата површина.
При испорака,
јаглеродниот филтер е
спакуван во пластична
ќесичка за да ги зачува
перформансите. Ставете
го филтерот во отворот
пред да го вклучите
апаратот.
1. Отворете ја фиоката.
2. Извадете го потрошениот филтер
за воздух.

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents