Bosch GCM 350-254 Original Instructions Manual page 333

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 29
OBJ_BUCH-2953-002.book Page 333 Friday, June 30, 2017 11:46 AM
– Олабавете ги двете завртки за прицврстување 64
(околу 1–2 вртења) со внатрешен шестаголен клуч
(2,5 mm) 60.
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Поместете го куќиштето на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на кракот на алатот, повеќе не отстапуваат
странично.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување 57 .
– Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и
повторно затегнете ги завртките за прицврстување 64.
– Повторно прицврстете го капакот за заштита на ласерот
14.
Проверка на основните поставки и подесување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 18 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика T1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила 18.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 47.
Поставување: (види слика T2)
– Олабавете го затегнувачкиот лост 7.
– Повлечете го граничникот 42целосно навнатре.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
65 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 7.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 65.
Доколку показателот на агли 41 и 5 по подесувањето не е
во линија со 0°-ознаките на скалата 4, олабавете ги
завртките за подесување на показателот на агли со
крстест одвртувач и израмнете го показателот на агли по
должина на 0°-ознаките.
Bosch Power Tools
Поставка на стандарден агол на закосување 45° (лево,
вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 18 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 2
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 328).
– Свртете го левиот граничник 3, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 7.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 12 налево,
додека завртката-граничник 66 не налегне на
граничникот 3.
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 18.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 47.
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
66 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 7.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 66.
Ако показателот на агли 41 и 5 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 4 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(десно, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 18 до жлебот 25 за 0°. Лостот
22 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 2
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 328).
– Повлечете го граничникот 42 целосно нанадвор.
– Свртете го десниот граничник 3, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката за
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 7.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 12 надесно,
додека завртката-граничник 67 не налегне на
граничникот 3.
Проверете: (види слика V1)
– Поставете го аголното мерило на 135° и ставете го на
масата за пилата 18.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 47.
Македонски | 333
1 609 92A 3XP | (30.6.17)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents