Bosch Professional GSA 18V-32 Original Instructions Manual page 170

Hide thumbs Also See for Professional GSA 18V-32:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 13
170 | Македонски
6: висок број на работни одови
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Константна електроника
Константната електроника одржува постојан број на
удари при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2)
на површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете
го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете
го електричниот алат.
Основна плоча што може да се навали и извади
(види слика C)
Основната плоча (2) поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Основната плоча (2) може да се помести по должина во
3 степени во зависност од користеното сечило за пила и
употребата.
Притиснете го копчето за отклучување (10) и поместете
ја основната плоча (2) во саканата позиција. Отпуштете
го копчето за заклучување и проверете дали основната
1 609 92A 81F | (21.07.2022)
плоча е цврсто вклопена. Доколку е потребно, поместете
ја основната плоча повеќе, додека не се вклопи цврсто.
За да го исчистите прифатот за сечилото за пила (14)
можете целосно да ја извлечете основната плоча (2)
додека е притиснато копчето за отклучување (10). По
чистењето вметнете ја основната плоча повторно во
прифатот, додека не се вклопи.
Не го притискајте копчето за отклучување за време
u
на работата. Инаку може да ја изгубите контролата
над електричниот алат и да се повредите.
Сечење со вдлабнување (види слика D)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување! Не обработувајте метални
материјали со сечење со вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само сечила
u
за пила со максимална должина од 100 mm. Со
подолги сечила за пила не може да се постави
основната плоча и електричниот алат ќе ја нема
потребната потпора.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (2) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (1) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (2) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот
алат да се води соодветно свртен.
Кратки резови (види слика E)
Со еластичните биметални сечила за пила, може да
сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно
на ѕидот, како што се водоводни цевки.
Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да
u
биде подолго од дијаметарот на делот што се
обработува. Постои опасност од повратен удар.
Поставете го сечилото за пила директно на ѕид и
свиткајте го малку со страничен притисок на
електричниот алат, додека основната плоча не легне на
ѕидот. Вклучете го електричниот алат и сечете го делот
што се обработува со константен страничен притисок.
Куки за закачување (види слика F)
Со куките за закачување (4) може да го закачите
електричниот апарат на пр. на скала. Склопете ги куките
за закачување во саканата позиција.
При закачувањето на електричниот уред,
u
внимавајте листот за пилата да е заштитен од
невнимателно допирање. Постои опасност од
повреда.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents