Tecla RC3100H User Manual page 22

Table of Contents

Advertisement

Available languages

Available languages

MK
Чување на замрзната храна
Доколку се вклучи за првпат или после подолг период бил
неупотребен, пред поставувањето на храна во преградите,
уредот треба да работи најмалку 2 часа, подесен на највисока
вредност.
ВАЖНО! Доколку дојде до случајно одмрзнување, на пример,
доколку снема струја на подолг временски период отколку што
е прикажано во техничките карактеристики во делот "rising
time", замрзнатата храна мора брзо да се употреби и веднаш
термички да се обработи, а потоа повторно да се замрзне
(откако е припремена).
Одмрзнување
• Длабоко замрзнатата или заледена храна, пред употреба
може да се одмрзне или во преградите на фрижидерот или
на собна температура, во зависност од расположливото
време.
• Помалите парчиња можат и веднаш да се припремаат
за јадење, иако и понатаму се заледени, директно од
замрзнувачот. Во овој случај припремата на храна трање
подолго.
Коцки лед
Овој уред можеби не е опремен со еден или повеќе садови за
правење на коцки лед.
Пратечки елементи
Полици кои можат да се поместуваат
Ѕидовите на фрижидерот имаат низа жлебови, така да полиците
можат да се поместуваат по желба.
Подесување на полиците на вратите
Со цел да се овозможи одложување на храна од различни
величини, полиците на вратите можат да бидат подесени на
различни нивоа. Како би можеле да се прилагодат, потребо
е да се направи следното: постепено спуштајте ја полицата
во насока на стречките, се додека не биде слободна, а потоа
позиционирајте ја по потреба.
Корисни совети
Како би можеле што подобро да го искористите процесот на
замрзнување, Ви нудиме неколку важни совети:
• максималната количина на храна која може да се замрзне е
наведена на табелата со спецификации;
• процесот на замрзнување трае 24 часа. Во текот на тој период
не додавајте повеќе храна, која е предвидена да се замрзне;
• замрзнувајте само квалитетна, свежа и потполно исчистена
храна;
• храната треба да биде поделена во помали порции, како би
било овозможено брзо и потполно замрзнување, и како би
можела подоцна да се одмрзне само потребната количина;
• храната завиткајте ја во алуминиумски или полиетиленски
фолии и погрижете се пакувањето да не пропушта воздух;
• не дозволувајте свежата, незаледена храна да дојде во
допир со веќе заледената, како би одбегнале пораст на
температурата;
• безмастната храна се чува подобро и подолго од храната со
масти;
• доколку коцките лед се употребат веднаш штом се извадени
од замрзнувачот, можат да предизвикуваат осип (смрзнатина)
на кожата;
• отстранувањето храна од делот за замрзнување може да
предизвика осип (смрзнатина) на кожата;
• се советува, на секое покување храна која е смрзната да се
наведе датум на замрзнување, да би знаеле колку долго се
чува.
Совети за чување на замрзната храна
Како би можеле да добиете најдобар перформанс од овој уред,
треба да:
• проверете, дали комерцијално замзнатата храна е адекватно
чувана од страна на нејзиниот продавач;
• погрижите храната да биде пренесена од продавницата до
замрзнувачот во најкраток можен рок;
• не ја отворајте вратата често, и не оставајте ја отворена
подолго отворена отколку што е потребно. Храната која
еднаш веќе е одмрзната брзо пропаѓа и не може да биде
повторно замрзната;
• внимавате на рокот на чување, кој е назначен од страна на
производителот.
Совети за ладење на свежа храна
Како би можеле да добиете најдобар перформанс:
• не чувајте храна или течност која испарува во фрижидерот;
• покријте ја или завиткајте ја храната, особено ако има јак
мирис;
• сите видови: завиткајте ги во полиетиленски ќеси и
поставете ги на стаклени плочи над фиоките за зеленчук;
• поради сигурност, храната на овој начин чувајте ја еден ден,
најмногу два;
• овошје и зеленчук: треба да бидат темелно измиени и
одложени во фиока наменета за нивно чување;
• готвените јадења, ладните јадења и сл., треба да бидат
покриени и можат да се одложат на било која полица;
• путер и сирење: треба да бидат ставени во посебни садови
кои не пропуштаат воздух, или завиткани во алиминиумски
фолии или полиетиленски ќеси, како би се отстранил што
повеќе воздух;
• шишињата со млеко/јогурт: треба да бидат затворени и да се
чуваат на полиците на вратите;
• банани, компири, лук и кромид, доколку не се спакувани, не
треба да се чуваат во фрижидерот.
Чистење
Од хигиенски причини, внатрешноста на уредот, вклучувајќи ги
и внатрешните елементи, треба да се чистат редовно.
ВНИМАНИЕ!
Уредот не смее да биде поврзан на струја во текот на
чистењето. Постои опасност од струен удар! Пред чистење
на уредот, исклучете го и прекинете го напојувањето на
електрична енергија, или исклучете ја автоматската склопка
или осигурувач. Уредот не го чистете со други чистачи на пареа.
Влагата може да се насобере во електричните компоненти и да
предизвика струен удар! Жешкото миење може да доведе до
оштетување на пластичните делови. Уредот мора да биде сув,
пред повторно да се употребува.
ВАЖНО! Eтеричните уља и органските растворувачи можат да
ги нагризаат пластичните делови, на пример, лимонов сок, сок
од кора од портокал, карбоксилна киселина или средства кои
користат млечна киселна.
Чистење на одводот
Како би избегнале да одледената вода навлегува во
фрижидерот, повремено зачистете го делот за одвод на задната
страна од делот за ладење. Користете средство за чистење
како што е прикажано на сликата.
22

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents