Tecla RB5101FHX User Manual page 24

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
MK
Прва употреба
Чистење на внатрешноста на уредот
Пред првото користење, очистете ја внатрешноста и сите
внатрешни елементи со млака вода и неутрален сапун, како би
го отстраниле типичниот мирис на нов производ, а потоа добро
исуште го.
ВАЖНО! Не користете детергенти или абразивни средства,
бидејќи истите можат да ја оштетат површината.
Замрзнување на свежа храна
• Делот за замрзнување е погоден за замрзнување на свежа
храна и чување на заледена и длабоко замрзната храна на
подолг временски период.
• Свежата храна поставете ја во преградата која се наоѓа на
дното, како би можеле да ја замрзнете.
• Максималната количина на храна која може да се заледи во
24 часа е наведена во табелата со спецификации.
• Процесот на замрзнување трае 24 часа: во текот на тој
период не додавајте повеќе храна, која е предвидена за се
замрзне.
Чување на замрзната храна
Доколку се вклучи за првпат или после подолг период бил
неупотребен, пред поставувањето на храна во преградите, уредот
треба да работи најмалку 2 часа, подесен на највисока вредност.
ВАЖНО! Доколку дојде до случајно одмрзнување, на пример,
доколку снема струја на подолг временски период отколку што
е прикажано во техничките карактеристики во делот "rising
time", замрзнатата храна мора брзо да се употреби и веднаш
термички да се обработи, а потоа повторно да се замрзне
(откако е припремена).
Одмрзнување
• Длабоко замрзнатата или заледена храна, пред употреба
може да се одмрзне или во преградите на фрижидерот или
на собна температура, во зависност од расположливото
време.
• Помалите парчиња можат и веднаш да се припремаат
за јадење, иако и понатаму се заледени, директно од
замрзнувачот. Во овој случај припремата на храна трање
подолго.
Пратечки елементи
Полици кои можат да
се поместуваат
Ѕидовите на фрижидерот имаат низа
на жлебови кои можат да се подесат
по желба.
Подесување на
полиците на вратите
Со цел да се овозможи одложување
на храна од различни величини,
полиците на вратите можат да бидат
подесени на различни нивоа. Како би
можеле да се прилагодат, потребо е
да се направи следното: постепено
спуштајте ја полицата во насока
на стречките, се додека не биде
слободна, а потоа позиционирајте ја
по потреба.
Употреба на ледоматот
1. Извлечете го садот за правење лед од ледоматот и
отстранете го капачето.
2. Пред употреба, темелно очистете го ледоматот.
3. Наполнете го садот за правење на лед со питка вода и
прицврстете го капачето.
4. Внимателно внесете го садот за лед во ледоматот, а потоа
сместете го ледоматот на една од стаклените плоци во
делот за замрзнување.
5. Почекајте од водата да се формираат коцки лед. Свртете го
тастерот како на сликата и потоа ледот ќе падне во кутијата
за лед.
Совети за замрзнување
Како би можеле што подобро да го искористите процесот на
замрзнување, Ви нудиме неколку важни совети:
• максималната количина на храна која може да се замрзне е
наведена на табелата со спецификации;
• процесот на замрзнување трае 24 часа. Во текот на тој период
не додавајте повеќе храна, која е предвидена да се замрзне;
• замрзнувајте само квалитетна, свежа и потполно исчистена
храна;
• храната треба да биде поделена во помали порции, како би
било овозможено брзо и потполно замрзнување, и како би
можела подоцна да се одмрзне само потребната количина;
• храната завиткајте ја во алуминиумски или полиетиленски
фолии и погрижете се пакувањето да не пропушта воздух;
• не дозволувајте свежата, незаледена храна да дојде во
допир со веќе заледената, како би одбегнале пораст на
температурата;
• безмастната храна се чува подобро и подолго од храната со
масти;
• доколку коцките лед се употребат веднаш штом се извадени
од замрзнувачот, можат да предизвикуваат осип (смрнатина)
на кожата;
• отстранувањето храна од делот за замрзнување може да
предизвика осип (смрзнатина) на кожата;
• се советува, на секое покување храна која е смрзната да се
наведе датум на замрзнување, да би знаеле колку долго се
чува.
Совети за чување на замрзната храна
Како би можеле да добиете најдобар перформанс од овој уред,
треба да:
• проверите, дали комерцијално замзнатата храна е адекватно
чувана од страна на нејзиниот продавач;
• погрижите храната да биде пренесена од продавницата до
замрзнувачот во најкраток можен рок;
• не ја отворајте вратата често, и не оставајте ја отворена
подолго отворена отколку што е потребно. Храната која
еднаш веќе е одмрзната брзо пропаѓа и не може да биде
повторно замрзната;
• внимавате на рокот на чување, кој е назначен од страна на
производителот.
Совети за ладење на свежа храна
Како би можеле да добиете најдобар перформанс:
• не чувајте топла храна или течност кои испаруваат во
фрижидерот;
• покриете ја или завиткајте ја храната, особено ако има јак
мирис
24

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents