Philips EasyClean HX6511/33 Manual page 149

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користење на Philips Sonicare
Упатства за четкање
1 Навлажнете ја четката и нанесете мало количество паста за
заби.
2 Поставете ги влакната од четката за заби на забите под мал
агол (45 степени), притискајќи цврсто за да стигнат влакната
до непцето или малку под непцето. (Сл. 3)
Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со
забите цело време.
3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја
вклучите Philips Sonicare.
4 Лесно притиснете за да ја максимизирате ефективноста на
Philips Sonicare и оставете четката за заби Philips Sonicare да го
заврши четкањето за вас. Не тријте.
5 Нежно полека движете ја главата на четката преку забите со
мали движења напред-назад, за да можат подолгите влакна
на четката да дофатат помеѓу забите. Продолжете со ова
движење во текот на целиот на циклусот на четкање.
6 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби,
свртете ја рачката на четката полунагоре и направете неколку
вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб.
Забелешка: за да се осигурите дека ќе четкате подеднакво во
устата, поделете ја устата на четири дела со функцијата
Интервално четкање (погледнете во поглавјето „Функции").
7 Започнете со четкање на делот 1 (надворешна страна на
горните заби) и четкајте 30 секунди пред да продолжите на
делот 2 (внатрешна страна на горните заби). Продолжете со
четкање на делот 3 (надворешна страна на долните заби) и
четкајте 30 секунди пред да продолжите на делот 4
(внатрешна страна на долните заби) (Сл. 4).
Македонски
149

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Easyclean 500 series

Table of Contents