Отстранување На Проблеми - LG 49SJ810V Owner's Manual

Hide thumbs Also See for 49SJ810V:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Отстранување на
проблеми
Не е можно управување на телевизорот со далечинскиот
управувач.
•  Проверете го сензорот за далечинско управување на
производот и обидете се повторно.
•  Проверете дали помеѓу производот и далечинскиот управувач
има некаква пречка.
•  Проверете дали батериите сè уште работат и дали се правилно
поставени (
co ,
co ).
Нема приказ на слика и не се емитува звук.
•  Проверете дали производот е вклучен.
•  Проверете дали кабелот за напојување е поврзан на ѕидниот
штекер.
•  Проверете дали има проблем со ѕидниот штекер преку
поврзување на други уреди.
Телевизорот ненадејно се исклучува.
•  Проверете ги подесувањата за контрола на напојување со
енергија. Напојувањето може да има прекин.
•  Проверете дали функциите за Тајмер за мирување /
Тајмерот е исклучен се активирани во подесувањата за
Тајмери.
•  Проверете дали функцијата за Автоматско исклучување
на електричната енергија е активирана во Општо -> Еко
режим. (Во зависност од моделот)
•  Доколку нема влезен сигнал кога телевизорот е вклучен,
телевизорот автоматски ќе се исклучи по 15 минути
неактивност.
При поврзување со PC (HDMI), се прикажува 'Нема сигнал' или
'Неважечки формат' .
•  Исклучете/вклучете го телевизорот со помош на далечинскиот
управувач.
•  Повторно поврзете го HDMI кабелот.
•  Рестартирајте го компјутерот додека телевизорот е вклучен.
Неисправен приказ
•  Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да
се појави мало "треперење". Ова е нормално и кај производот
нема никаков проблем.
•  Овој екран е напреден производ кој содржи неколку милиони
пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки
и/или светло обоени точки (црвени, сини или зелени) со
големина од 1 ppm. Ова не укажува на дефект и не влијае врз
перформансите и сигурното функционирање на производот.
Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети
страни и не може да биде причина за замена или враќање
на пари.
•  Во зависност од местото на гледање може да забележите
различна осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/
долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот.
Ова не е поврзано со перформансите на производот, и тоа не
претставува неисправност.
•  Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата.
Избегнувајте прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на
подолг временски период.
Генериран звук
•  Звук на "крцкање": Звукот на крцкање кој настанува за време
на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при
термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои
доаѓа до термички деформации.
•  Брмчење на електричните кола/зуење на панелот: Шум
со ниско ниво се генерира од колата со преклопување со
голема брзина, кои испорачуваат големи количини на струја
за функционирање на производот. Шумот се разликува во
зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното
функционирање на производот.
13

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents