Makita VC008G Instruction Manual page 75

Cordless backpack vacuum cleaner
Hide thumbs Also See for VC008G:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред проверки или
одржување, секогаш проверувајте дали уредот
е исклучен и касетата за батерија е извадена.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Чистење на HEPA филтерот
ВНИМАНИЕ:
Не користете ја
правосмукалката без HEPA филтер или не
продолжувајте со користење валкани или
оштетени HEPA филтри. Правосмукалката
може да ги исфрли смуканите прав или
честички одзади и тие може да предизвикаат
болест на дишните патишта кај операторот.
ЗАБЕЛЕШКА:
За да се одржи оптималната
вшмукувачка моќ и издувот да остане чист,
чистете го HEPA филтерот повремено. Ако не
добиете доволно вшмукувачка моќ дури ни по
чистењето, заменете го HEPA филтерот со нов.
ЗАБЕЛЕШКА:
За да се спречи оштетување
на HEPA филтерот, не користете ги следните
алатки и слични предмети за чистење:
Чистач на воздухот
Апарат за миење под висок притисок
Алатки направени од цврсти материјали
како што се метални четки
1.
Отворете го капакот и извадете ја филтер-
вреќата. Олабавете ја куката на HEPA филтерот и
отстранете го од правосмукалката.
► Сл.35
2.
Со тресење извадете го правот од HEPA
филтерот. HEPA филтерот може да се мие со вода.
Мијте ги правот и честичките од HEPA филтерот
секои од 1 до 2 месеци. Потоа, целосно исушете
го HEPA филтерот на место под сенка и со добро
проветрување за да се спречи непријатен мирис или
дефект.
3.
За монтирање на HEPA филтерот, вметнете
ја страната без поклопката во држачот, потоа
притиснете го HEPA филтерот надолу додека
крилото не се прицврсти во ребрастиот дел.
► Сл.36: 1. Држач 2. HEPA филтер 3. Ребро
4. Поклопка
Чистење на вреќата за прав
Редовно чистете ја вреќата за прав со сапун и вода.
Превртете ја вреќата за прав наопаку и отстранете
го лепливиот прав. Замијте ја со рака и добро
исплавете со вода. Целосно да се исуши пред да се
монтира во правосмукалката.
► Сл.37
ЗАБЕЛЕШКА:
намалуваат смукачката особина, како и траењето
на моторот.
Отстранување на затнувањето
При отстранување на затнувањето, отстранете го
цревото или продолжната цевка или составот од
свиткана цевка за да проверите внатре.
Отстранување/прикачување состав од свиткана
цевка од типот на прикачување
За да го отстраните, влечете го составот од свиткана
цевка додека притискате на двете јазичиња на
крајот од цревото.
За да го прикачите, вметнете го крајот на цревото
во составот од свиткана цевка. Проверете дали
јазичињата на крајот од цревото се прикачиле за
отворите на составот од свиткана цевка.
► Сл.38: 1. Крај на цревото 2. Јазиче 3. Отвор
4. Состав од свиткана цевка
Отстранување/прикачување состав од свиткана
цевка од типот на завртување
За да го отстраните, олабавете ја ниплата на
составот од свиткана цевка од цревото.
За да го прикачите, зацврстете ја ниплата на
составот од свиткана цевка на цревото.
► Сл.39: 1. Црево 2. Состав од свиткана цевка
3. Нипла
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Црево (за вид правосмукалка)
Црево (за вид отстранување на правот)
Продолжна цевка
Наставка
Наставка во облик на Т
Додаток за седишта
Додаток за агли
Четка за полици
Кружна четка
Состав од свиткана цевка
Филтер-вреќа
75 МАКЕДОНСКИ
Влажните вреќи за прав ја
Овој прибор или додатоци

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents