Makita DLM480 Instruction Manual page 87

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM480:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ОДРЖУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
проверувајте дали се извадени клучот за
блокирање и касетата за батеријата од
косилката пред да ја складирате, пренесувате
или пред да вршите проверка или одржување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
отстранувајте го клучот за блокирање кога
косилката не е во употреба. Складирајте го
клучот за блокирање на сигурно место вон
дофат на деца.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
кога извршувате проверка или одржување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
заштитна маска или заштитни очила со
странични штитници при проверка или
одржување.
ЗАБЕЛЕШКА:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
Одржување
1.
Отстранете го клучот за блокирање и касетите
за батерија, а потоа затворете го капакот на
батеријата.
2.
Ставете ја косилката да лежи странично.
Исчистете ги деловите од трева насобрани на
долната страна од косилката.
3.
Ставајте вода кон дното на машината на
коешто е закачено сечилото.
ЗАБЕЛЕШКА:
Не мијте ја машината со вода
под висок притисок.
4.
Проверете дали сите навртки, завртки,
шрафови и сл. се добро стегнати.
5.
Проверете дали подвижните делови се
оштетени, скршени или изабени. Оштетените
делови или деловите кои недостасуваат треба да се
поправат или заменат.
6.
Складирајте ја косилката на безбедно место
надвор од дофат на деца.
За DLM481/DLM539
ЗАБЕЛЕШКА:
Не истурајте вода на делот
прикажан на сликата. Истурањето вода на
моторната единица може да предизвика дефект
на машината.
► Сл.38: 1. Област каде не треба да се истура
вода
Секогаш
Секогаш
Носете ракавици
Секогаш носете
87 МАКЕДОНСКИ
За DLM481/DLM539
ЗАБЕЛЕШКА:
Не истурајте вода на машината
додека машината е во исправена позиција како
што е прикажано на сликата. Ако машината е
во исправена позиција, водата може да дојде до
единицата на моторот и да предизвика дефект на
машината.
► Сл.39
Носење на косилката
ВНИМАНИЕ:
Пред да ја носите косилката,
осигурете се дека касетата за батерија и клучот
за блокирање ќе се отстранат.
При носење на косилката, двајца луѓе треба да ги
држат задната дршка и долниот дел за држење на
предниот дел од машината како што е прикажано на
сликата.
► Сл.40: 1. Долен дел за држење 2. Задна дршка
Складирање
ВНИМАНИЕ:
Кога ќе ја ставате машината
во исправена положба, поставете ја на рамна
и стабилна површина. Ако машината се постави
на нестабилна површина, таа може да падне и да
предизвика повреда.
Складирајте ја косилката во затворена просторија
на ладно, суво и заклучено место. Не складирајте
ги косилката и полначот на места каде што
температурата може да достигне или надмине 40 °C.
1.
Извадете ги касетата за батеријата и клучот за
блокирање.
2.
Свртете го копчето за 90° додека го
повлекувате копчето на долната рачка за да ја
отпуштите иглата за блокирање. Извршете ја истата
постапка на другата страна и потоа склопете ја
рачката.
► Сл.41: 1. Копче
НАПОМЕНА: Со поддржување на рачката се
олеснува ослободувањето на иглата за блокирање
кога се повлекува копчето.
3.
Свртете го копчето на двете страни за
90°. Осигурете се дека копчињата се безбедно
зацврстени.
За DLM481/DLM539
► Сл.42: 1. Копче
За DLM480/DLM538
► Сл.43: 1. Копче
ЗАБЕЛЕШКА:
Внимавајте да не ги
приклештите каблите кога ќе ја склопувате
рачката.
4.
Олабавете ги рачните навртки на двете
страни и потоа склопете ја горната рачка како што е
прикажано на сликата.
► Сл.44: 1. Рачна навртка 2. Горна рачка

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents