AEG BS 18SBL Original Instruction page 70

Hide thumbs Also See for BS 18SBL:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од GBS систем. Не
користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво
место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со
сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од
оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток
спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Дупчалката на батерии/шрафцигерот е дизајниран за дупчење и зашрафување,
независна употреба далеку од главното напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички податоци"
опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи од регулативата
2011/65/EU (RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните хармонизирачки
нормативни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-1:2018+A11:2019
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2020-04-19
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да бидат целосно
наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да
бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се
чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батериското пакување е опремено со заштита од преоптоварување што ја
штити батеријата од преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката на батеријата
автоматски ја исклучува машината. За да продолжите со работа исклучете ја
машината и вклучете ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш тоа ќе мора да биде
наполнето во апаратот за полнење.
470 409 - BS18SBL.indd 69
470 409 - BS18SBL.indd 69
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на
истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел
да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на
упатствата за употреба.
Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се
фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно и
да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Брзина без оптоварување
0
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
Autogoods "130"
МАКЕДОНСКИ
06.07.2020 10:55:21
06.07.2020 10:55:21
69

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents