Huawei MateBook E Quick Start Manual page 77

Hide thumbs Also See for MateBook E:
Table of Contents

Advertisement

Безбедносни информации
Работа и безбедност
Внимателно прочитајте ги сите информации за безбедноста пред да го користите уредот
за да бидете сигурни дека работи безбедно и правилно и да научите како правилно да го
фрлите уредот.
За да се спречи можно оштетување на слухот, не се изложувајте на голема
јачина на звукот подолг временски период.
Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат болниците и другите објекти
за здравствена заштита. Не го користете уредот онаму каде што е забранета неговата
употреба.
Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните помагала или
пејсмејкерите. Обратете се до давателот на услугата за повеќе информации.
Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува растојание од најмалку
15 cm помеѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречи потенцијална интерференција со
пејсмејкерот.
Не го користете уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или
експлозиви (на бензиска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример).
Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија или
пожар. Исто така, следете ги упатствата во форма на текст или симболи.
Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го користите уредот. За да го
намалите ризикот од незгоди, не го користете безжичниот уред додека возите.
Не го користете уредот додека летате со авион или пред самото качување во авион.
Користењето на безжичен уред во авион може да ги попречи безжичните мрежи, да го
загрози управувањето со авионот или да е противзаконско.
За да избегнете оштетување на внатрешните електрични кола на уредот или полначот,
не користете го во прашлива, влажна или нечиста околина или во близина на магнетно
поле.
Идеални температури за работа се 0 °C до 35 °C. Идеални температури за чување се
-10 °C до +45 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или
дополнителната опрема.
Чувајте ги уредот и батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева
светлина. Не поставувајте ги на или во уреди за затоплување, како што се
микробранови печки, шпорети или радијатори.
Користењето неодобрен или несоодветен адаптер за струја, полнач или батерија може
да го оштети уредот, да го намали животниот век или да предизвика пожар, експлозија
или друга опасност.
Кога го полните уредот, уверете се дека адаптерот за струја е вклучен во штекерот во
близина на уредот и дека е лесно достапен.
Исклучете го полначот од електричниот штекер и од уредот ако уредот не се користи
долго време.
75

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Eul-w19Eul-w19pEul-w29p

Table of Contents