Bosch Professional LR 45 Original Instructions Manual page 96

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 10
96 | Македонски
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Ако не го користите ласерскиот приемник подолго
u
време, извадете ги батериите. При подолго
складирање во ласерскиот приемник, батериите може
да кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го ласерскиот приемник од влага и
u
директно изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте ласерскиот приемник на
u
екстремни температури или осцилации во
температурата. На пр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во
температурата, оставете го ласерскиот приемник
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации
во температурата, прецизноста на ласерскиот
приемник може да се наруши.
Одржувајте го работниот простор без пречки кои
u
може да го рефлектираат или попречат ласерскиот
зрак. На пр., покријте ги рефлектирачките или
сјајните површини. Не мерете преку стаклени
панели или слични материјали. Може да се добијат
погрешни резултати од мерењето преку
рефлектирачки или попречен ласерски зрак.
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник на оддалеченост
најмалку 0,5 m од ротирачкиот ласер. Кај ротирачките
ласери со повеќе режими на работа изберете
хоризонтален или вертикален режим со највисоката
ротирачка брзина.
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што
ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (11).
Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа
напречно на приемното поле (како што е прикажано на
сликата).
Вклучување/исклучување
При вклучување на ласерскиот приемник се слуша
u
гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот
приемник подалеку од ушите одн. други лица при
вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети
слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување (2). Се слуша
сигнален тон и кратко светнуваат сите прикази на
екранот.
За исклучување на ласерскиот приемник држете го
копчето за вклучување-исклучување (2) додека сите
прикази на екранот кратко светнат и се слушне
сигналниот тон. Сите поставки со исклучок на
осветлувањето на екранот се зачувани.
1 609 92A 5R9 | (26.06.2020)
Доколку за околу 30 min, не се притисне на ласерскиот
приемник и до приемното поле (11) 30 min не достигне
ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски
се исклучува заради заштита на батериите.
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во
приемното поле (11):
– на екранот (6) на предната и задната страна на
ласерскиот приемник со приказот на правец
„Ласерски зрак под средишната линија" (h), приказот
на правец „Ласерски зрак над средишната линија" (j)
одн. приказот за средишна линија (i),
– опционално со сигнален тон.
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ горната половина на
приемното поле (11), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак над средишната линија" (j).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
нагоре.
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ долната половина на
приемното поле (11), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак под средишната линија" (h).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
надолу.
Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ полето за прием (11) на
висина на средишната линија, на екранот светнува
приказот за средишна линија (i).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Функција на зачувување на последниот прием:
доколку ласерскиот зрак е прекинат од некоја пречка и
повеќе не го достигнува приемното поле (11) на екранот
кратко трепка последниот прикажан приказ на правец
„Ласерски зрак над средишната линија" (j), „Ласерски
зрак под средишната линија" (h) одн. приказот Средишна
линија (i).
Приказ за релативна висина (види слика B)
Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (11),
растојанието помеѓу ласерскиот зрак и средишната
ознака (10) на приказот за релативна висина (g) ќе се
прикажат на екранот.
Доколку ласерскиот зрак на приемното поле (11) и
средишната ознака (10) се оддалечени повеќе од 30 mm,
тогаш се гаси приказот за релативна висина (g). Во овој
случај, се прикажува само соодветниот приказ за насока.
Осветлување на екранот
Екраните (6) на предната и задната страна на ласерскиот
приемник располагаат со осветлување на екранот.
Bosch Power Tools

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

0 601 069 l00

Table of Contents