Makita M1901 Instruction Manual page 34

Hide thumbs Also See for M1901:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
НАПОМЕНА: Обликот на линијарот-насочувач
се разликува од една до друга држава. Во некои
држави, линијарот-насочувач не се вклучува како
стандарден додаток.
Закосување
► Сл.17
► Сл.18
За да направите закосен засек како што е прикажано на сликата,
порамнете го жлебот „V" во предната основа со работ на
материјалот и рендајте.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или
одржување, проверете дали алатот е исклучен
и откачен од струја.
ВНИМАНИЕ:
За чистење, не користете
нафта, бензин, разредувач, алкохол или
слично. Тие средства ја вадат бојата и може да
предизвикаат деформации или пукнатини.
Острење на ножевите на
електричното ренде
Само за конвенционални ножеви за ренде
Секогаш одржувајте ги ножевите за ренде остри за да
постигнете најдобри резултати. Користете го држачот за острење
(опционален додаток) за да ги отстраните нерамнините и за да
направите мазен раб.
► Сл.19: 1. Држач за острење
Прво, олабавете ги двете навртки-пеперутки на држачот и
вметнете ги ножевите (А) и (B), така што ќе ги допираат страните
(C) и (D). Потоа стегнете ги навртките-пеперутки.
► Сл.20: 1. Навртка-пеперутка 2. Нож за електрично ренде (A)
3. Нож за електрично ренде (B) 4. Страна (D) 5. Страна
(C)
Потопете го каменот за брусење две или три минути пред да
почнете со острењето. Држете го држачот, така што двата ножа
да се во контакт со каменот за острење за истовремено острење
под истиот агол.
► Сл.21
Замена на карбонските четкички
► Сл.22: 1. Гранична ознака
Редовно вадете ги и проверувајте ги јаглеродните четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната ознака.
Одржувајте ги јаглеродните четкички чисти за да влегуваат во
држачите непречено. Двете јаглеродни четкички треба да се
заменат истовремено. Користете само идентични јаглеродни
четкички.
Користете шрафцигер за отстранување на капакот или отворот
за делканици.
► Сл.23: 1. Капак или отвор за делканици 2. Шрафцигер
Извадете ги капачињата на држачите на четкичките со одвртка.
Извадете ги истрошените карбонски четкички, вметнете ги новите
и стегнете ги капачињата на држачите на четкичките.
► Сл.24: 1. Капаче на држач на четкичка 2. Шрафцигер
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот,
поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат
во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
34 МАКЕДОНСКИ
34

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents