Makita M1901 Instruction Manual page 32

Hide thumbs Also See for M1901:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
ВНИМАНИЕ:
Не повлекувајте го
прекинувачот силно без да го притиснете
копчето за заклучување. Тоа може да
предизвика дефект на прекинувачот.
Потпирач
► Сл.3: 1. Нож за електрично ренде 2. Задна основа
3. Потпирач
Откако ќе завршите со сечењето, подигнете ја задната страна на
алатот за да излезе потпирачот од задната основа. Тоа спречува
оштетување на ножевите на електричното ренде.
СОСТАВУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред да работите нешто на
алатот, проверете дали е исклучен и откачен
од струја.
Отстранување или монтирање
ножеви за електрично ренде
ВНИМАНИЕ:
Стегнете ги завртките за
монтирање ножеви внимателно кога ги
прикачувате ножевите на електричното
ренде. Лабава завртка за монтирање може да
претставува опасност. Секогаш проверувајте да
видите дали се убаво стегнати.
ВНИМАНИЕ:
Ракувајте многу внимателно
со ножевите за рендето. Користете ракавици
или крпи за да ги заштитите вашите прсти
или раце кога ги отстранувате или монтирате
ножевите.
ВНИМАНИЕ:
Користете само клуч
„Makita" за отстранување или за монтирање
на ножевите за рендето. Во спротивно, може
да ги стегнете завртките за монтирање пресилно
или недоволно силно. Тоа може да предизвика
повреда.
За алат со конвенционални ножеви за ренде
За да ги отстраните ножевите за ренде што се на резервоарот,
одвртете ги завртките за монтирање со насаден клуч. Капакот на
резервоарот се вади заедно со ножевите.
► Сл.4: 1. Насаден клуч 2. Завртки
► Сл.5: 1. Завртки 2. Резервоар 3. Нож за електрично ренде
4. Капак на резервоарот 5. Нагодувачка плоча 6. Жлеб
За да ги монтирате ножевите за рендето, извршете ја следнава
постапка.
1.
Секогаш исчистете ги сите делканици или туѓи тела кои се
во резервоарот или на ножевите за рендето.
2.
Изберете ножеви за ренде со исти димензии и тежина.
Инаку, ќе се јави осцилација/вибрација на резервоарот, ќе се
предизвика лошо рендање и, на крајот, дефект кај алатот.
3.
Користете го мерачот на ножот за правилно да ги поставите
ножевите за рендето. Ставете го ножот за рендето на основата на
мерачот. Поставете го работ за сечење на ножот од внатрешната
страна на плочата за мерачот.
► Сл.6: 1. Внатрешна страна на плочата за мерачот 2. Раб на
ножот 3. Нож за електрично ренде 4. Нагодувачка плоча
5. Завртки 6. Заден дел 7. Задна страна на основата на
мерачот 8. Плоча за мерач 9. Основа на мерачот
4.
Ставете ја нагодувачката плоча на ножот за ренде.
Притиснете ја нагодувачката плоча, така што задниот дел да е
порамнет со задната страна на основата на мерачот. Стегнете ги
двете завртки на нагодувачката плоча.
5.
Вметнете го задниот дел од нагодувачката плоча во жлебот
на резервоарот, а потоа ставете го капакот од резервоарот на
него.
6.
Стегнете ги сите завртки за монтирање рамномерно и
секоја посебно со насадниот клуч.
7.
Повторете ги горните постапки за другиот нож.
За алат со мали ножеви за ренде
За да ги монтирате малите ножеви за рендето, извршете ја
следнава постапка.
1.
Внимателно исчистете ги површините на резервоарот и на
неговиот капак.
2.
Извадете ги трите завртки за монтирање со помош
на насадниот клуч. Отстранете го капакот на резервоарот,
нагодувачката плоча, плочката за поставување и малиот нож за
ренде.
► Сл.7: 1. Насаден клуч 2. Завртки
3.
Користете го мерачот на ножот за правилно да ги поставите
ножевите за рендето. Ставете го малиот нож за рендето на
основата на мерачот. Поставете го работ за сечење на ножот од
внатрешната страна на плочата за мерачот.
► Сл.8: 1. Завртки 2. Нагодувачка плоча 3. Фиксирачки игли
на ножот за ренде 4. Плоча за мерач 5. Заден дел
од нагодувачката плоча 6. Плочка за поставување
7. Внатрешна страна на плочата за мерачот 8. Основа
на мерачот 9. Задна страна на основата на мерачот
10. Мал нож за ренде
4.
Лабаво прицврстете ја нагодувачката плоча на плочката
за поставување со завртките. Ставете ги нагодувачката плоча и
плочката за прицврстување на основата на мерачот. Наместете
ги фиксирачките игли на ножот за ренде на плочката за
поставување, во жлебот за малии ножеви за ренде.
5.
Поставете го задниот дел од нагодувачката плоча на
задната страна од основата на мерачот и стегнете ги завртките.
Внимателно проверете го ова порамнување за да осигурите
рамномерно сечење.
6.
Вметнете го задниот дел од нагодувачката плоча во жлебот
на резервоарот.
7.
Ставете го капакот на резервоарот на плочката за
поставување и лабаво наместете ги во резервоарот со трите
завртки. Вметнете го малииот нож за ренде во просторот
помеѓу резервоарот и плочката за поставување. Погрижете
се фиксирачките игли на ножот за ренде да се наместени на
плочката за поставување во жлебот за мали ножеви за ренде.
► Сл.9: 1. Мал нож за ренде 2. Жлеб 3. Плочка за поставување
4. Завртки 5. Капак на резервоарот 6. Резервоар
7. Нагодувачка плоча
8.
Нагодете ја положбата на малиот нож за ренде надолжно,
така што краевите на ножот да се на еднакво растојание од
куќиштето од едната страна и од металниот граничник од другата.
32
32 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents