Makita DLM533 Instruction Manual page 71

Cordless lawn mower
Hide thumbs Also See for DLM533:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
8.
Внимавајте да не дојде до повреда
на стапалата и рацете од сечилата на
косилката.
9.
Секогаш осигурувајте се дека отворите за
вентилација се чисти.
10. На падини, косете напречно, никогаш
надолу или нагоре. Бидете многу
претпазливи кога менувате насока на
падини. Не косете многу стрмни падини.
11.
Бидете многу внимателни кога ја ставате во
рикверц или кога ја влечете косилката кон
вас.
12. Сопрете го сечилото(ата) ако косилката
треба да се навали за превоз кога се
поминуваат површини што не се тревни
и кога ја пренесувате косилката до и од
подрачјето што треба да се коси.
13. Не навалувајте ја косилката кога го
вклучувате моторот, освен ако косилката
мора да се навали за да се стартува. Во овој
случај, не навалувајте ја повеќе отколку
што е апсолутно потребно и подигнете го
само оној дел што е подалеку од ракувачот.
Секогаш уверете се дека двете раце се
во работна позиција пред да ја вратите
косилката на земјата.
14. Не ставајте ги рацете или стапалата близу
или под вртливите делови. Бидете подалеку
од отворот за исфрлање во секое време.
15. Не транспортирајте ја косилката додека таа
е вклучена.
16. Избегнувајте да работите со косилката на
влажна трева.
17. Секогаш цврсто држете ја рачката.
18. Не фаќајте ги изложените сечила или
рабови за сечење кога ја кревате или
држите косилката.
19. Држете ги рацете и стапалата подалеку од
сечилата што вртат. Внимание - Сечилата
продолжуваат да вртат откако ќе се исклучи
косилката.
20. Ако забележите нешто необично, веднаш
запрете со работа. Исклучете ја косилката
и извадете го клучот за блокирање. Потоа,
проверете ја косилката.
21. Ако косилката има функција за нагодување
на висината, никогаш не обидувајте се да
ја нагодите висината на сечењето додека
косилката работи.
22. Отпуштете го лостот на прекинувачот и
почекајте сечилото да запре со вртење пред
да преминете преку улица, патека, патишта
и какви било области покриени со чакал.
Исто така, извадете го клучот за блокирање
ако ја оставате косилката, се обидувате да
подигнете нешто или да отстраните нешто
од вашиот пат или заради каква било друга
причина што може да го одвлече вашето
внимание од работата што ја извршувате.
23. Ако косилката удри во надворешен предмет,
следете ги овие чекори:
- Запрете ја косилката, отпуштете ја рачката
на прекинувачот и почекајте додека
сечилото целосно не застане.
- Извадете ги клучот за блокирање и
касетата за батеријата.
- Внимателно проверете дали на косилката
има какви било оштетувања.
- Заменете го сечилото ако е оштетено
на каков било начин. Поправете ги сите
оштетувања пред одново да ја стартувате и
да продолжите да работите со косилката.
24. Не стартувајте ја косилката додека стоите
пред отворот за исфрлање.
25. Ако косилката почне да вибрира
абнормално (веднаш проверете)
- проверете дали има оштетувања,
- заменете ги или поправете ги сите
оштетени делови,
- проверете ги и прицврстете ги сите
олабавени делови.
26. Никогаш не насочувајте го исфрлениот
материјал кон некого. Избегнувајте
исфрлање на материјалот кон ѕид или
препрека. Материјалот може да се одбие
наназад кон операторот. Сопрете го сечилото
при поминување преку површини со чакал.
27. Не тегнете ја косилката наназад освен ако
не е апсолутно неопходно. Кога треба да ја
вратите косилката наназад од ограда или друга
слична пречка, погледнете надолу и зад вас
пред и за време на враќањето наназад.
28. Исклучете го моторот и почекајте додека
сечилото не сопре целосно пред да ја
отстраните мрежата за трева. Внимавајте на
вртењето на сечилата по исклучувањето.
29. Кога ја користите машината на каллива
земја, влажни падини или лизгави места,
внимавајте како газите.
30. Избегнувајте работење во лоша средина
каде што се очекува зголемен замор.
31. Не користете ја машината на лошо време
кога видливоста е намалена.Во спротивно,
може да дојде до пад или неправилна работа
поради лошата видливост.
32. Не поминувајте со машината низ вирови.
33. Кога ќе се залепат лисја или нечистотија
на устието на смукалката (прозорецот за
вентилација) поради дожд, отстранете ги.
34. Не користете ја машината на снег.
35. Ако отсечената трева е влажна, веројатно
е дека ќе биде заглавена во машината.
Редовно проверувајте ја состојбата на
машината и отстранете ја залепената трева
ако е потребно.
36. Кога ракувате со машината, внимавајте на
цевки и жици.
37. Не користете напојување со кабел, како што
се адаптер за батерии или пренослив пакет
за напојување, со оваа машина. Кабелот
од таквото напојување може да ја попречи
работата и да резултира со телесна повреда.
Одржување и чување
1.
Заменувајте ги изабените и оштетените
делови заради безбедност. Користете само
оригинални делови и додатоци за замена.
2.
Проверувајте ја и одржувајте ја косилката
редовно.
71 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dlm533z

Table of Contents