Makita DGA419 Instruction Manual page 57

Cordless angle grinder
Hide thumbs Also See for DGA419:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
5.
Не ставајте сечила за дрворез или назабени
сечила. Таквите сечила често предизвикуваат
повратни удари и губење контрола.
Безбедносни предупредувања специфични за
брусење и абразивно сечење:
1.
Користете само типови тркала што се
препорачани за вашиот алат и специфичниот
штитник конструиран за избраното тркало.
Тркала за кои алатот не е конструиран не може
да се заштитат соодветно и се небезбедни.
2.
Површината што се бруси на тркалата
со вдлабнато средиште мора да биде
монтирана под рамнината на штитникот.
Неправилно монтираното тркало што
поминува низ рамнината на штитникот не може
адекватно да се заштити.
3.
Штитникот мора да биде цврсто прикачен
на електричниот алат и поставен за
максимална безбедност, така што
најмал дел на тркалото да е изложен кон
операторот. Штитникот помага да се заштити
операторот од парчиња скршено тркало,
случаен контакт со тркалото и искри што може
да ја запалат облеката.
4.
Тркалата смеат да се користат само за
препорачаните намени. На пример: не брусете
со страната на тркалото за сечење. Тркалата
за абразивно сечење се наменети за периферно
брусење, па страничните сили што влијаат на
таквите тркала можат да ги распрскаат.
5.
Секогаш користете неоштетени фланши
за тркалото што се со правилни големина
и облик за избраното тркало. Соодветните
фланши за тркало го држат тркалото и со
тоа ја намалуваат можноста тоа да се скрши.
Фланшите за тркалата за сечење може да се
различни од фланшите за брусните плочи.
Не користете изабени тркала од поголеми
6.
електрични алати. Тркалата наменети за
поголеми алати не се погодни за поголемите
брзини на помалите алати и може да прснат.
Дополнителни безбедносни предупредувања за
абразивно сечење:
1.
Не заглавувајте го тркалото за сечење и не
притискајте прекумерно. Не обидувајте се
да сечете предлабоко. Пренапрегнувањето
на тркалото го зголемува оптоварувањето
и можноста за извиткување или лепење на
тркалото во засекот, а со тоа и можноста за
повратен удар или кршење на тркалото.
2.
Не поставувајте го телото во линија со
вртливото тркало или зад него. Кога
тркалото, на точката на работа, се движи
подалеку од вашето тело, можниот повратен
удар може да ги фрли завртеното тркало и
алатот право на вас.
Кога тркалото се лепи или кога сечењето
3.
се прекинува поради нешто, исклучете
го алатот и држете го неподвижен додека
тркалото не сопре целосно. Не обидувајте
се да го извадите тркалото за сечење од
резот додека тркалото се движи, инаку
може да дојде до повратен удар. Испитајте
и преземете мерки за отстранување на
причините за лепење на тркалото.
4.
Не почнувајте со сечењето повторно
додека тркалото е во работниот материјал.
Оставете тркалото да достигне максимална
брзина и внимателно влезете повторно
во резот. Тркалото може да се залепи, да
осцилира или да дојде до повратен удар ако
електричниот алат се активира повторно во
материјалот.
Прицврстете ги плочите или материјалите
5.
што се преголеми за да го намалите ризикот
од заглавување на тркалото и повратен
удар. Големите парчиња материјал обично
се виткаат од сопствената тежина. Држачите
треба да се стават под материјалот, близу до
линијата на сечење и до работ на материјалот
од двете страни на тркалото.
6.
Бидете особено внимателни кога
засекувате во постојни ѕидови или други
слепи подрачја. Тркалото, за време на
навлегувањето, може да исече водоводни или
цевки за плин, електрични инсталации или
предмети што може да предизвикаат повратен
удар.
Посебни безбедносни предупредувања за
шмирглање:
Не користете преголем диск со
1.
шмиргла. Почитувајте ги препораките на
производителот кога бирате шмиргла.
Поголема шмиргла што стрчи надвор од
подлогата за стругање е опасна бидејќи може
да ве расече, да предизвика заглавување,
кинење на дискот или повратен удар.
Посебни безбедносни предупредувања за
четкање со жица:
1.
Имајте предвид дека се исфрлаат жичени
влакненца од четката дури и при нормална
работа. Не напрегајте ги жиците со
прекумерен притисок на четката. Влакната
на жицата лесно може да пробијат лесна
облека или кожа.
2.
Ако се препорачува користење штитник
за четкање со жица, не дозволувајте
допир на жиченото тркало или четката со
штитникот. Жиченото тркало или четката може
да го зголемат пречникот поради работното
оптоварување и центрифугалните сили.
Дополнителни безбедносни предупредувања:
Кога користите брусни плочи со вдлабнато
1.
средиште, користете само тркала зајакнати
со армирано стакло.
2.
НЕ КОРИСТЕТЕ испакнати тркала со оваа
брусилка. Брусилката не е конструирана за
такви видови тркала и користењето такви
производи може да доведе до тешки повреди.
Внимавајте да не го оштетите држачот
3.
X-LOCK. Оштетените делови може да
доведат до кршење на тркалото.
4.
Внимавајте каменот да не го допира
материјалот пред да се вклучи прекинувачот.
5.
Пред да го користите алатот врз работниот
материјал, оставете го да поработи малку
напразно. Видете дали има вибрации или
осцилации што може да укажуваат на лошо
монтирање или неизбалансиран камен.
57 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Dga469Dga519Dga519zDga519rtj

Table of Contents