Makita DUH483 Instruction Manual page 49

Cordless hedge trimmer
Hide thumbs Also See for DUH483:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Монтирање на сечилото за ножица
► Сл.19: 1. Капак на сечилото
Извадете го капакот на сечилото од старите сечила
за ножица и поставете го на новите за да избегнете
допир со сечилата.
► Сл.20
Прилагодете ги положбите на дупчињата со вртење
на запчаникот како што е покажано на сликата.
► Сл.21: 1. Средство за подмачкување
► Сл.22: 1. Средство за подмачкување
Нанесете малку маст за подмачкување, испорачана
со новите сечила за ножица, како што е покажано на
сликата.
► Сл.23: 1. Сечило 2. Сунѓер 3. Ракави
Ставете го извадениот сунѓер во истата положба
како и стариот. Осигурете се дека ракавите,
испорачани со новите сечила за ножица, се
поставени на чепчињата од сечилото. Поставете
ги новите сечила за ножица на алатот така што
чепчињата да влезат во дупчињата од запчаникот.
Ако ракавите на чепчињата испаднат по грешка,
ставете ги во дупчињата на запчаникот.
► Сл.24: 1. Шрафови 2. Шајбна
Монтирајте го сечилото, стегнете ги четирите
завртки и ставете ја извадената шајбна во истата
положба како и старата.
► Сл.25: 1. Шрафови
Монтирајте го долниот капак на алатот и цврсто
стегнете ги четирите завртки.
Чување
Дупчето за закачување на дното од алатот е погодно
за закачување на алатот на шајка или завртка на
ѕидот.
► Сл.26
Извадете ја батеријата и поставете го капакот на
сечилото на сечилата на ножицата за сечилата да не
бидат изложени. Внимателно складирајте го алатот
вон дофат на деца.
Складирајте го алатот на место што не е изложено
на вода и дожд.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат
за користење со алатот од Makita дефиниран
во упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Капак на сечилото
Склоп на сечилото за ножица
Оригинална батерија и полнач Makita
Собирач на делканици
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
со алатот како стандарден прибор. Тоа може
да се разликува од земја до земја.
49 МАКЕДОНСКИ

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Duh523

Table of Contents