Makita JV0600 Instruction Manual page 33

Hide thumbs Also See for JV0600:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да го монтирате ножот, вметнете го ножот (со
запците свртени нанапред) во држачот на ножот
додека не се блокира во место. Рачката самостојно се
придвижува до фиксната положба и ножот се блокира.
Нежно повлечете го ножот за да се осигурате дека
ножот не паѓа за време на работењето.
ВНИМАНИЕ:
Ако рачката не се поместува во фиксната
положба самостојно, ножот не е целосно
монтиран. Не притискајте ја рачката со рака во
фиксираната положба. Тоа може да го оштети
алатот. Проверете дали задниот раб на ножот
влегува во валјакот.
За да го отстраните ножот, турнете ја рачката
нанапред до крај. Тоа овозможува ножот да се
ослободи.
Складирање на имбус-клучот
Слика6
Кога не се користи, складирајте го имбус-клучот како
што е покажано на сликата за да не го изгубите.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Секогаш држете го работ на основата израмнет
со материјалот. Во спротивно, може да се
скрши ножот и да дојде до сериозна повреда.
Многу полека напредувајте со алатот кога
сечете кривулести линии или кога резбате. Ако
го притискате алатот, може да се накриви
површината за сечење или да се скрши ножот.
Држете во алатот цврсто со едната рака на
главната рачка кога работите со алатот. Ако
има потреба, предниот дел од алтот може да се
држи со другата рака.
Вклучете го алатот без ножот да допре и почекајте
додека ножот не постигне целосна брзина.
Слика7
Потоа, потпрете ја основата рамно на работниот
материјал и нежно движете го алатот нанапред долж
претходно означената линија за сечење.
Косо сечење
Слика8
ВНИМАНИЕ:
Секогаш проверувајте алатот да е исклучен или
да е кабелот исклучен од струја пред да ја
навалите основата.
Кога основата е накосена, можете косите пресеци да
ги правите со агол од 0° до 45° (лево или десно).
Слика9
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот. Поместете ја основата за
навртката да дојде во центарот на каналот на
основата во облик на крст.
Слика10
Навалувајте ја основата додека не го постигнете
саканиот надолжен кос агол. Работ на куќиштето на
моторот го означува надолжниот кос агол по
градација. Потоа, стегнете ја завртката за да ја
прицврстите основата.
Предни пресеци за израмнување
Слика11
Разлабавете ја навртката на задниот дел на
основата со имбус-клучот и излизгајте ја основата
целосно наназад. Потоа зацврстете ја навртката за
да ја прицврстите основата.
Исечоци
Исечоци се прават со еден од двата метода A или B.
A) Дупчење на почетна дупка
Слика12
За внатрешни исечоци без воведен пресек од
некој агол, претходно издупчете почетна дупка
со дијаметар од 12 мм или повеќе. Ставете го
ножот во оваа дупка за да почнете да го
правите пресекот.
B) Сечење со забивање
Слика13
Нема потреба да издупчите почетна дупка или
воведен пресек ако внимателно го сторите
следново:
(1)
Потпрете го алатот на предниот раб на
основата, ножот да е поставен токму над
површината на материјалот.
(2)
Потпрете го алатот за предниот раб на
основата да не мрда кога ќе го вклучите
алатот, и спуштете го задниот дел на
алатот нежно и полека.
(3)
Кога ножот ќе продре низ материјалот,
полека спуштете ја основата на алатот на
површината на материјалот.
(4)
Пресекот завршете го на нормален начин.
Обликување на рабовите
Слика14
За обликување на рабовите или за прилагодување
на
димензиите,
исечените рабови.
Сечење метал
секогаш користете соодветен разладувач (масло за
сечење) кога сечете метал. Во спротивно, може да
дојде до значително абење на ножот. Наместо да
користите разладувач, долниот дел на материјалот
можете да го подмачкувате.
Собирање на правот
Слика15
Сечењето може да биде уште почисто ако го поврзете
алатот со правосмукалка Makita. Ставете го цревото на
правосмукалката во дупката на задниот дел на алатот.
33
пројдете
со
ножот
лесно
по

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents