Huawei Mate 40 Pro Quick Start Manual page 33

Hide thumbs Also See for Mate 40 Pro:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 4
Пред да го користите уредот, прегледајте го и преземете го
најновото Упатство за брз почеток од
https://consumer.huawei.com/mk/support/.
Информации за безбедност
За да спречите можно оштетување на слухот, не
слушајте долг временски период со голема јачина на звукот.
• Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -20°C до
+45°C за чување.
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага
или нечистотија, или во близина на магнетно поле.
• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во
близина што е лесно достапен. Користете одобрени адаптери
за напојување и полначи.
• Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го
користите.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да
определите дали користењето на уредот може да влијае врз
работата на вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно –
може да ја оштетите батеријата, а тоа може да предизвика
прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената
батерија во вашиот уред треба да го врши Huawei или овластен
давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и
директна сончева светлина. Не ставајте ја на или во уреди за
затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не фрлајте
ја и не гмечете ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не потопувајте ја
во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување,
прегревање и запалување, па дури и да експлодира.
• Вашиот уред ги исполнува барањата пропишани во IP68 (IEC
60529).
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или
амбалажата значат дека производите и батериите треба да се
однесат во посебни места за собирање отпад одредени од
локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се
обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе
се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните
материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. За
повеќе информации, контактирајте со локалните власти,
продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата
или посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg над
10 грама ткиво. Уредот ги исполнува спецификациите за RF кога се
користи во близина на увото или на растојание од 0,50 cm од
телото. Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на глава: 0,49
W/kg; SAR на тело: 0,99 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред NOH-NX9 е
во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS
2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за
усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите
информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава
интернет-адреса: https://consumer.huawei.com/certification.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
31

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Noh-nx9

Table of Contents