Мерки За Избегнување На Можно Изложување На Прекумерна Микробранова Енергија; Важни Безбедносни Инструкции - Samsung ME82V User Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 81
МЕРКИ ЗА ИЗБЕГНУВАЊЕ НА МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ
НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА.
Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да
доведе до штетно изложување на микробранова енергија.
(a) Под никакви околности не употребувајте ја печката со
отворена врата, не расипувајте ги безбедносните брави
(шарките од вратата) и не ставајте ништо во отворите од
безбедносните брави.
(b) НЕ поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и
предниот дел и не дозволувајте да има храна или талог на
делот за затворање. Вратата и површината за затворање
одржувајте ги чисти со бришење после секоја употреба,
прво со влажна, а потоа со мека, сува крпа.
(c) НЕ употребувајте ја печката ако е оштетена сè додека не се
поправи од страна на квалификуван сервисер обучен од
производителот. Многу е важно вратата на печката да се
затвора правилно и да нема оштетувања на:
(1) Вратата (искривување)
(2) Шарките од вратата (скршени или лабави)
(3) Вратата и површината за затворање
(d) Печката не треба да се прилагодува или поправа од никој
друг освен од страна на квалификуван сервисер обучен од
производителот.
Овој производ спаѓа во Група 2 Класа B ISM опрема. Дефиницијата за
групата 2 ја опфаќа целата ISM опрема кај која радио-фреквентната
енергија намерно се генерира и/или користи во форма на
електромагнетно зрачење заради третман на материјалите, како и
EDM и опремата за електрично заварување.
Во опремата од Класа B спаѓа опрема која е погодна за користење
во домаќинствата и институциите кои се директно поврзани на
електрична мрежа со низок напон со која се снабдуваат зградите
заради користење во домаќинствата.
ME82V-BOL-03910C_MK.indd 5
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
Потрудете се постојано да ги следите овие мерки за безбедност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Вршењето модификации и поправки на
микробрановата печка е дозволено само на
овластен персонал.
Не загревајте течности и друга храна во затворени
садови.
Заради ваша безбедност, немојте да користите
уреди за чистење со вода со висок притисок или
пареа.
Немојте да го инсталирате овој уред: во близина на
грејно тело, запалив материјал; на влажно, масно
или прашливо место, на место изложено на директна
сончева светлина и вода или на места каде што се
можни истекувања на гас; на нерамна подлога.
Овој уред мора да биде соодветно заземјен во
согласност со локалните и националните правила.
Редовно вршете отстранување на сите супстанци
како прав или вода од приклучокот за напојување и
допирните точки со помош на сува крпа.
Кабелот за напојување не треба да се влече,
прекумерно да се витка или да се ставаат тешки
предмети врз него.
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас,
итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на
приклучокот за напојување.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри
раце.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на
приклучокот за напојување додека е во тек
користењето на уредот.
5
2011-02-01
12:38:08

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Mw82v

Table of Contents