РАБОТЕЊЕ
Слика3
Вклучете го тркалото без да дојде во допир со
работниот материјал и причекајте додека тркалото ја
достигне целосната брзина. Потоа нежно ставете го
тркалото во материјалот. За да добиете добра
завршна површина, полека движете го алатот
налево.
ВНИМАНИЕ:
Притисокот врз алатот треба да биде мал. Со
•
преголем притисок ќе добиете само лоша
завршна површина и преоптоварување на
моторот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, проверете
•
дали алатот е исклучен и откачен од струја.
За чистење, не користете нафта, бензин,
•
разредувач, алкохол или слично. Тие средства
ја вадат бојата и може да предизвикаат
деформации или пукнатини.
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на
производот, поправките, проверките на јагленските
честички и замената, како и сите други одржувања и
дотерувања треба да се вршат во овластени
сервисни центри на Makita, секогаш со резервни
делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци се препорачуваат за
•
користење со алатот од Makita дефиниран во
упатството. Со користење друг прибор или
додатоци може да се изложите на ризик од
телесни повреди. Користете ги приборот и
додатоците само за нивната намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
Камења за брусење
•
Комплет конусни прицврстувачи (3 мм, 6 мм, 8
•
мм, 1/4", 1/8")
Клуч 13
•
Комплет странични дршки
•
Странична рачка
Слика4
Кога го користите страничниот држач, отстранете ја
гумената заштита, вметнете ја страничната дршка
колку што може понатаму и ротирајте ја до
посакуваниот агол. Потоа, зацврстете го држачот
цврсто, свртувајќи во насока на движење на
стрелките на часовникот.
ВНИМАНИЕ:
Кога го користите алатот без рачка, секогаш
•
инсталирајте ја гумената заштита на алатот.
Кога ја инсталирате гумената заштита, секогаш
•
притискајте ја на алатот додека испупчениот дел во
гумата не се намести во жлебовите на алатот.
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се вклучени
•
со алатот како стандарден прибор. Тоа може да
се разликува од земја до земја.
30