Skil 5820 Manual page 152

Hide thumbs Also See for 5820:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш
немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
Монтирање на сечилото за пилата 2
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- извадете го клучот за сечилото T од складот V
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
отстранувате резот на сечилото D со помош на
клуч T
! копчето за заклучување на вретеното C
притиснете го кога електричниот алат целосно
ќе застане
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
- отстранете го штитникот E
! проверете дали површините со спрегите H
на штитникот се целосно чисти и свртете го
сечилото
- отворете го долниот заштитник F со рачката
G и држете го додека го поставувате сечилото
за пилата со запчите и стрелката коишто се
отпечатени на сечилото насочени во ист правец
како и стрелката на горниот заштитник
- олабавете го долниот заштитен механизам F
- поставете штитник E
- притиснете го копчето за заклучување на
вретеното C и држете го притиснато додека го
прицврстувате резот на сечилото со помош на
клуч за 1/8 вртења по што треба да затегнете со
прстите (така се осигурува лизгањето на сечилото
на пилата кога ќе дојде до прекумерен отпор и
оптеретување на моторот и повратен удар на
пилата)
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното C
Подесување на длабочината на сечењето 6
- заради оптимален квалитет на сечењето, сечилото
на пилата не би требало да биде подолго од 3 мм
под делот за работа
- пуштете го копчето J
- подигнете/спуштете го нивото K додека не ја
подесите саканата длабочина за сечење, на
скалата, со користење на индикаторот L
- прицврстете го копчето J
Подесување на аголот на сечење (0-50°) 7
- пуштете го копчето M
- налегнувајте го алатот додека не го подесите
саканиот агол на сечење, со користење на
индикаторот N
- прицврстете го копчето M
! при косо сечење, длабочината на сечењето не
одговара на вредностите на прикажаната скала
за длабочина на сечењето
Проверка на аголот за сечење од 90° 7
- подесете и прицврстете го нивото K на максимална
длабочина за сечење 6
- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°
- проверете го аголот од 90° помеѓу двете сечила и
дното на нивото, со помош на квадрат
- ако е потребно прилагодување, разлабавете
го регулаторот M и употребете шрафцигер за
прилагодување P како што е прикажано на сликата
Прилагодлив визир за линијата на пилата Q 8
- за водење на електричниот алат низ саканата
линија означена на местото на работата
- за рамно сечење под агол од 0° или косо
сечење под агол од 45° користете ја линијата на
индикаторот
! широкиот дел на нивото би требало да стои а
потпирачот на местото каде се работи
- може да се приспособи за да се порамни со
различни ширини на сечилата, но едната страна
на пилата може да не се порамни, па затоа
потоа изберете дали отпадниот материјал е на
внатрешната или надворешната страна на сечилото
8
! широчината на сечењето се определува со
широчината на запците на сечилото, а не со
широчината на сечилото
! секогаш најпрво изведете пробно сечење за да
ја проверите вистинската линија на сечењето
Вшмукување прашина
- приклучете ја правосмукалката на продолжетокот
Y 9
! никогаш не дозволувајте цревото на
правосмукалката да дојде во допир со долниот
заштитен механизам или со операцијата на
сечење
Работа со алатот 9
- вклучете го штекерот во извор на струја
- со едната рака секогаш држете ја рачката R цврсто,
а со другата силно држете ја рачката S
- поставете го електричниот алат со предниот крај
на рамното ниво на местото каде работите
! проверете запците на пилата да не се закачени
на местото каде се работи
- вклучете го алатот така што прво притиснете го
копчето B (= заштитно копче кое не може да се
блокира), а потоа повлечете го прекинувачот A
! електричниот алат би требало да се наоѓа во
полна брзина пред сечилото да дојде во допир
со местото каде се работи
- долниот заштитен механизам F автоматски се
отвара кога сечилото продира во местото каде
се работи (рачно отворете го долниот заштитен
механизам со помош на рачката G, само за посебни
видови сечење, на пример за длабинско сечење)
! не применувајте сила врз алатот (применете
лесен и континуиран притисок за да избегнете
прегревање на врвовите на сечивата и
во случај на сечење пластика, топење на
пластичниот материјал)
! додека работите, секогаш држете го алатот
152

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

5830

Table of Contents