VOX electronics DBL-5069 Operating Instructions Manual page 54

Table of Contents

Advertisement

Поставете го регулаторот за јачина на пареа на посакуваната положба.
-
Пеглата ќе почне да испушта пареа штом се постави во хоризонтална положба.
-
ПРСКАЊЕ
- Притиснете го копчето што го активира испуштањето на ситни капки вода. Користете го
овој спреј за влажнење на облеката која се пегла, ако е потребно.
Напомена: Кога се користи функцијата прскање вода, проверете дали во резервоарот има
доволно вода. При првото користење на водниот млаз, можеби ќе биде потребно неколку
пати едно по друго да го притиснете копчето за прскање, додека не ја стартувате
функцијата прскање.
ПЕГЛАЊЕ СО МЛАЗ ПАРЕА ИЛИ
ВЕРТИКАЛНО ПЕГЛАЊЕ СО ПАРЕА
- Притиснете го копчето за исфрлање млаз пареа и пеглата ќе исфрли силен млаз водена
пареа, која продира длабоко во ткаенината и помага да ги испегла најсложените превои и
изгужвани делови од ткаенината. Почекајте неколку секунди пред повторно да го
притиснете копчето за млаз пареа.
Со повремено притискање на копчето за млазот пареа можете исто така да пеглате
-
држејќи ја пеглата во исправена положба (завеси, гардероба која претходно сте ја закачиле
да виси итн.)
Напомена: Функцијата на млаз пареа исклучиво може да се користи на висока
температура.Кога индикаторот за температура ќе се исклучи, престанете со испуштање на
млаз пареа- продолжете со притискање на копчето и со пеглање кога ламбата повторно ќе
се вклучи.
ПЕГЛАЊЕ "НА СУВО"
За пеглање без користење на водена пареа, постапите спрема упатствата во делот
ПЕГЛАЊЕ НА ПАРЕА, со тој исклучок што регулаторот за јачина на пареата мора да остане
во позиција OFF( кој означува дека пареата не се користи).
СИСТЕМ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА БИГОР
Специјален филтер во внатрешноста на резервоарот ја омекнува водата и го спречува
таложењето на бигор на плочата за пеглање. Филтерот е перманентен и не бара замена.
СИСТЕМ ПРОТИВ КАПЕЊЕ
Оваа пегла е опремена со посебна функција против капење: пеглата автоматски
престанува да ја испушта пареата кога температурата станува прениска да ја спречи
водата да капе преку дупчињата на плочата. Со овој систем против капење, можете
совршено да ги испеглате и најчувствителните ткаенини.
5

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents