VOX electronics DBL-5069 Operating Instructions Manual page 52

Table of Contents

Advertisement

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
При употреба на пеглата, важно е да се придржувате кон следниве основни правила за
безбедност:
1.Проверете дали напонот во вашиот штекер одговара на напонот на уредот, кој е назначен
на натписната табла на самиот уред.
2. Користете ја пеглата само за предвидената намена која е опишана во ова упатство за
употреба.
3. Неопходен е надзор кога и да се користи било кој уред во близина на деца. Не ја
оставајте пеглата без надзор кога е приклучена во струја или оставена на даската за
пеглање. Може да дојде до изгореници предизвикани од допир со жешките метални
делови, жешката вода или пареата.
4. Дежете ја пеглата вон дофат на деца.
5. Пеглата никогаш не треба да се остава вклучена и без надзор.
6. Кабелот за напојување мора да биде изваден од штекерот пред да ставите вода во
резервоарот.
7.Исклучете го кабелот за напојување пред :
8. Никогаш не ја вклучувајте пеглата со оштетен кабел за напојување, после пад или било
какво друго оштетување. За да избегнете ризик од удар од струја, не се обидувајте сами да
ја поправите оштетената пегла, туку однесете ја на поправка во овластен сервис.
9. Не дозволувајте кабелот за напојување да допира жешки површини.
10. Ако сакате да избегнете ризик од електрично оштетување на уредот, не ја потопувајте
пеглата во вода ниту во било која друга течност.
11. Во текот на работата, пеглата мора да се користи и постави исклучиво на стабилна
површина.
12. Кога ја поставувате пеглата на даската за пеглање, проверете дали површината на
која сте ја поставиле даската е стабилна.
13. Пеглата не смеете да ја користите ако дошло до пад и ако постојат видливи знаци на
оштетување или ако тече течноста од неа.
14.Уредот може да се користи од страна на деца постари од 8 години и лица со намалени
физички, сензорни или ментални способности, или лица со недостаток на искуство и
знаење, ако тие се под надзор или им е објаснето од страна на одговорното лице како
уредот треба безбедно да функционира и разбираат кои се потенцијални ризици поврзани
со ракување со овој уред. Децата не смеат да си играат со овој уред. Децата не смеат да го
чистат ниту одржуваат овој уред без надзор.
15. Држете ја пеглата и кабелот за напојување надвор од дофат на деца помлади од 8
години додека е во функција или додека се лади.
Чистење
Дотурање на вода или празнење на резерварот од останатата вода
Веднаш после употреба
3

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents