178
Македонски
- Дентални реставрации (пломби, мостови, навлаки).
Забелешка: Кога четката за заби Sonicare се користи за
клинички испитувања, рачката треба да биде целосно
наполнета, а одликата Едноставно стартување да биде
деактивирана
Режими на четкање
Philips Sonicare автоматски се вклучува во стандарден
интензивен режим.
1 Притискајте го копчето за режими на четкање за да менувате
меѓу режими (Сл. 9).
Зеленото светло за режим го означува избраниот режим.
- Интензивен режим: Режимот со полна моќност е наменет за
постари/независни корисници.
- Помалку интензивен режим: Режимот на намалена моќност се
користи за обука и воведување на малите деца во соничното
искуство.
Функции
KidTimer
- KidTimer емитува звук за честитање на крајот од претходно
утврденото време за четкање. Дополнително, KidTimer
автоматски ја исклучува рачката кога ќе заврши циклусот на
четкање.
- Кај поинтензивниот режим, KidTimer е поставен на 2 минути.
- Кај помалку интензивниот режим, KidTimer е поставен на 1
минута и полека се зголемува со текот на времето.
Зголемувањето на времето им помага на малите деца да
достигнат 2 минути четкање, како што препорачуваат
стоматолозите.
Забелешка: Упатете го детето да четка додека не ја слушне
мелодијата за честитање и четката за заби автоматски не се
исклучи.
KidPacer
Sonicare за деца користи кратки серии мелодии за да го потсети
корисникот да премине на следната четвртина на устата за