302
Македонски
Потсетник „откачи за користење"
Потсетник за чистење
Заклучување за патување
Замена на главите за бричење
Симболот „откачи за користење" трепка за да
ве потсети дека треба да го исклучите уредот
за бричење од ѕидниот приклучок пред да
можете да го вклучите.
За оптимално бричење (видете 'Чистење и
одржување') чистете ја машинката за бричење
по секое бричење. Кога ќе го исклучите уредот
за бричење, почнува да трепка потсетникот за
чистење, за да ве потсети да го исчистите
уредот за бричење.
Може да го заклучите уредот за бричење кога
одите на пат. Заклучувањето за патување
спречува уредот за бричење да се вклучи по
грешка (видете 'Активирање на заклучувањето
за патување').
За максимални резултати во бричењето,
менувајте ги главите за бричење на секои две
години. Уредот за бричење е опремен со
потсетник за замена којшто ве потсетува да ги
замените главите за бричење. Потсетникот за
замена трепка за да покаже дека треба да ги
замените главите (видете 'Замена на главите за
бричење') за бричење.
Забелешка: Откако ќе ги замените главите за
бричење, треба да го ресетирате потсетникот
за замена со притискање на копчето за
вклучување/исклучување 7 секунди.