Инсталирање и деинсталирање
апликации
Инсталирање апликации
Пристапете во некоја онлајн продавница за апликации за да побарате и
преземете апликации.
•
Можете да користите SmartWorld, Play Store или онлајн продавницата
за апликации обезбедена од вашиот давател на услуги.
•
За некои онлајн продавници за апликации може да биде потребно да
креирате сметка и да се најавите.
•
За некои апликации може да се бара надомест.
•
Ако користите мобилна податочна врска може да ви биде наплатено
користењето на податоците зависно од вашата тарифа.
•
SmartWorld може да не биде поддржана во зависност од областа или
давателот на услуги.
Деинсталирање апликации
Деинсталирање од вашиот уред на апликациите што веќе не ги
користите.
•
Некои апликации не можат да се деинсталираат од страна на
корисниците.
Деинсталирање со гестикулацијата допирање и држење
•
На основниот екран, допрете и држете ја апликацијата што сакате да
ја деинсталирате и одвлечете ја на Деинсталирање во горниот дел од
екранот.
•
На почетниот екран, можете да ја допрете и задржите, а потоа да ја
ослободите апликацијата која сакате да ја деинсталирате за да влезете
во режимот за деинсталирање. Допрете на иконата
во горниот дел на апликацијата која може да се деинсталира, а потоа
изберете ДЕИНСТАЛИРАЊЕ.
Корисни апликации
која се појавува
53