LG K220 User Manual page 942

Hide thumbs Also See for K220:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
За да криптирате мемориска картичка, внимавајте заклучувањето на
екранот да биде поставено на користење PIN или лозинка.
Штом почне криптирањето на мемориската картичка, некои функции
не се достапни.
Ако уредот се исклучи додека трае криптирањето, процесот на
криптирање се прекинува и некои податоци може да се оштетат. Затоа,
проверете дали батеријата е доволно наполнета пред стартувањето на
криптирањето.
До криптираните датотеки може да се пристапи само од уредот каде се
криптирани.
Криптирана мемориска картичка не може да се користи на друг уред од
LG. За да користите криптирана мемориска картичка на друг мобилен
уред треба да ја иницијализирате картичката.
Можете да го стартувате криптирањето на мемориски картички
дури и кога во уредот нема инсталирана мемориска картичка. Секоја
мемориска картичка која ќе се инсталира по криптирањето, автоматски
ќе биде криптирана.
Правење снимка на екранот
Можете да правите снимки на тековниот екран што го гледате.
Преку кратенка
Притиснете и држете истовремено најмалку две секунди на копчето за
вклучување/исклучување/заклучување и копчето за намалување на
гласноста (-).
Снимките на екранот можат да се видат во папката Screenshots на
Галерија.
Преку Сними+
На екранот што сакате да го снимите, повлечете ја статусната лента
надолу, потоа допрете на Сними+.
Основни функции
44

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Lg-k220

Table of Contents