Вклучување или исклучување на
уредот
Вклучување на уредот
Кога уредот е исклучен, притиснете и држете на Копче за вклучување/
исклучување/заклучување.
•
Кога уредот се вклучува прв пат, се врши почетна конфигурација.
Првото време на стартување на паметниот телефон може да биде
подолго од обично.
Исклучување на уредот
Притиснете и држете на Копче за вклучување/исклучување/заклучување,
потоа изберете Исклучување.
Опции за контрола на вклучувањето/
исклучувањето
Притиснете и држете на Копче за вклучување/исклучување/заклучување,
потоа изберете опција.
•
Исклучување: За исклучување на уредот.
•
Исклучи и престартувај: За рестертирање на уредот.
•
Режимот на работа во авион е ВКЛУЧЕН: За блокирање на функциите
поврзани со телекомуникациите, вклучувајќи ги телефонските
повици, испраќањето пораки и пребарувањето на Интернет. Другите
функции остануваат достапни.
•
Доколку екранот се замрзне или пак уредот не реагира кога се
обидувате да ракувате со него, притиснете и задржете го копчето за
напојување/заклучување и копчето за намалување на јачината на
звукот (-) во траење од околу 10 секунди за да го рестартирате уредот.
Основни функции
23