Поставки за јазикот на LG
Изберете го јазикот што ќе се користи на уредот.
•
Допрете на
изберете јазик.
LG Bridge
Преглед на LG Bridge
LG Bridge е апликација која ви помага комотно да управувате со
фотографиите, песните, видео-записите и документите зачувани во
вашиот паметен телефон од LG преку вашиот компјутер. Можете да
правите резервна копија од контактите, фотографиите и друго во
компјутерот или да го ажурирате софтверот на уредот.
•
За повеќе детали, погледнете во LG Bridge.
•
Поддржаните одлики може да се разликуваат во зависност од уредот.
•
Драјверот на LG за USB е неопходна програма за поврзување на
вашиот паметен телефон од LG со компјутер и се инсталира кога ќе го
инсталирате LG Bridge.
Функции на LG Bridge
•
Управување со датотеките во уредот преку компјутер преку Wi-Fi
-врска или мобилна податочна врска.
•
Правење резервна копија на податоците од уредот во компјутер или
враќање на податоците од компјутерот во уредот преку USB-врска со
кабел.
•
Ажурирање на софтверот на уредот од компјутер преку USB-врска со
кабел.
Додаток
Поставки Општо Јазик и тастатура Јазик и
105