Bosch GIM 60 Professional Original Instructions Manual page 115

Hide thumbs Also See for GIM 60 Professional:
Table of Contents

Advertisement

OBJ_BUCH-2461-003.book Page 115 Thursday, September 8, 2016 12:04 PM
Мерни функции
Задржување/пренос на измерена вредност
Со копчето „Hold/Copy" 11 може да контролирате две
функции:
– Задржување („Hold") на една измерена вредност, дури и
кога мерниот уред дополнително се поместува (напр.
бидејќи мерниот уред е во позиција, каде екранот е
тешко читлив);
– Пренесување („Copy") на измерена вредност.
Функција „Hold":
– Притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 11.
Актуелната мерна вредност e се задржува на екранот и
се зачува, индикаторот „H" трепка.
– Притиснете го копчето „Hold/Copy" 11 одново, за да се
заврши функцијата „Hold". Зачуваната вредност се
брише. Нормалното мерење се продолжува.
Функција „Copy":
– Притиснете го долго копчето „Hold/Copy" 11. Актуел-
ната вредност e се копира и индикаторот „H" постојано
ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 11. Зачу-
ваната мерна вредност e се прикажува на екранот и
индикаторот „H" трепка.
– Поставете го мерниот уред на целното место, кадешто
треба да се пренесе измерената вредност. Притоа не е
важно израмнувањето на мерниот уред. Упатствата за
израмнување a ја покажуваат насоката, во која треба да
движи мерниот уред, за да се постигне копираната коси-
на. При постигнување на зачуваната косина, се слуша
сигнален тон, упатствата за израмнување a се гасат.
– Одново притиснете го кратко копчето „Hold/Copy" 11,
за враќање на нормалното мерење. Индикаторот „H"
постојано ќе се појавува на екранот.
– Притиснете го долго копчето „Hold/Copy" 11, за да
зачувате нова вредност.
– За да се брише „Hold"-вредност, притиснете кратко на
копчето „ON/OFF".
Проверка на точноста на мерењето (види слика B)
Проверете ја точноста на мерниот уред пред секој почеток
на работа, по големи температурни промени како и по јаки
удари.
Пред мерење на агли <45° проверката треба да се изврши
на рамна, хоризонтална површина, а пред мерење на агли
>45° на рамна, вертикална површина.
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризонтална
одн. вертикална површина.
Почекајте 10 с и потоа забележете ја измерената вредност.
Вртете го мерниот уред (како што е прикажано на сликата)
за 180° по вертикалната оска. Одново почекајте 10 се-
кунди и забележете ја втората измерена вредност.
 Калибрирајте го мерниот уред, само доколку разли-
ката меѓу двете измерени вредности е поголема од
0,1°.
Калибрирајте го мерниот уред во положба (вертикална од.
хоризонтална), во којашто ќе биде утврдена разликата меѓу
измерените вредности.
Калибрација на хоризонтални површини за
налегнување (види слика C)
Површината на којашто ќе го налегнете мерниот уред, не
смее да отстапува повеќе од 5° од хоризонталата. Доколку
отстапувањето е поголемо, калибрацијата ќе се прекине со
приказот „---" .
Вклучете го мерниот уред и поставете го на хоризон-
тална површина во таква положба, либелата 1 да гледа
нагоре и екранот 5 да биде насочен кон Вас. Почекајте
10 с.
Потоа притиснете го копчето за калибрација „Cal" 10,
додека кратко „CAL1" се појавува на екран. Потоа
измерената вредност трепка на екранот.
Свртете го мерниот уред за 180° околу вертикалната
оска, така што либелата и понатаму ќе покажува
нагоре, екранот 5 се наоѓа на страната свртена од Вас.
Почекајте 10 с.
Потоа одново притиснете го копчето за калибрација
„Cal" 10. На екранот кратко ќе се прикаже „CAL2".
Потоа се појавува измерената вредност (не трепка
повеќе) на екранот. Мерниот уред сега е одново
калибриран за оваа површина на налегнување.
Bosch Power Tools
Македонски | 115
1 609 92A 21G | (8.9.16)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

Gim 120 professional

Table of Contents