Решавање Проблеми Со Поврзувањето - Vox LED SMART39ST2880 Operating Instructions Manual

Table of Contents

Advertisement

Избришете ги зачуваните безжични
профили
Зачуваните профили ќе бидат избришани ако
го притиснете црвеното копче додека ОСД на
избраниот безжичен уред е на екранот.
Поврзување на мобилниот телефон
преку безжичен интернет (по избор)
• Ако вашиот мобилен телефон има функција
за безжичен интернет, можете да го поврзете
вашиот мобилен телефон со вашиот ТВ-уред
со безжичната врска преку рутер, за да ја
репродуцирате содржината на вашиот телефон.
За оваа цел, вашиот мобиле телефон мора да
има соодветен софтвер за споделување.
• Поврзете се со вашиот рутер следејќи ги чекорите
наведени погоре во делот „Безжична врска".
• Потоа, вклучете го вашиот мобилен телефон
во рутерот и потоа активирајте го софтверот
за споделување на вашиот мобилен телефон.
Потоа, изберете ги датотеките што би сакале да
ги споделите на вашиот ТВ-уред.
• Ако е правилно воспоставена врската, би требало
да можете сега да пристапите до споделените
датотеки од вашиот мобиле телефон преку
прелистувачот на медиуми на вашиот ТВ-уред.
• Влезете во менито на прелистувачот на медиуми
и ќе се прикаже ОСД на избраниот уред за
репродуцирање. Изберете го идентитетот на
вашиот мобилен телефон и притиснете OK за
да продолжите.
Забелешка: Оваа функција не ја поддржуваат сите
мобилни телефони.
Решавање проблеми со
поврзувањето
Не е достапна безжична мрежа
Проверете дали бариерите на вашите мрежи
ја дозволуваат безжичната врска за ТВ-уредот.
"Veezy 200" usb безжичниот клуч(се продава
посебно) треба да биде правилно поврзан (ако е
достапен). Ако безжичната мрежа не функционира
како што треба, обидете се да ја користите
жичената мрежа во вашиот дом. Види го делот
„Врска преку кабел" за повеќе информации за
процесот.
Ако не функционира мрежната телевизија,
проверете го прво модемот (рутерот). Ако нема
проблем со рутерот, проверете ја интернет врската
на вашиот модем.
Обидете се да пребарувате безжични мрежи
повторно со помош на екранот на мениот на
мрежните поставки.
Врската е бавна
Видете ја книгата со упатства на вашиот безжичен
модем и добијте информации за внатрешниот
услужен регион, брзината на врската, квалитетот
на сигналот и другите поставки. Ви треба врска со
голема врзина за вашиот модем.
Прекини за време на репродуцирањето
или бавни реакции
Во тој случај, можете да пробате едно од следниве
нешта:
држете се на растојание од најмалку три метри
од микробранови печки, мобилни телефони,
microwave ovens, mobile telephones, уреди bluetooth
или какви било други уреди компатибилни со
безжична интернет мрежа. Обидете се да го
смените активниот канал на WLAN рутерот.
Користење на DLNA мрежна услуга
ДЛНА (Digital Living Network Alliance) е стандард
што го олеснува процесот на прегледување на
дигиталната електроника и ги прави поудобни за
користење на домашна мрежа. За понатамошни
информации, посетете ја страницата www.dlna.org.
ДЛНА стандардот ви овозможува да прегледувате
и да репродуцирате фотографии, музика и видео
снимки зачувани на ДЛНА серверот за медиуми
поврзан со вашата домашна мрежа.
Чекор 1: Домашно инсталирање на Nero
Media Home
Функцијата DLNA не може да се користи ако
не е инсталирана програмата на серверот на
вашиот персонален компјутер. Ве молиме,
подгответе го вашиот персонален компјутер со
дадената програма Nero Media Home. За повеќе
информации за инсталирањето, ве молиме
видете го прилогот Х.
Чекор 2: Поврзете се на мрежа што не е
безжична и на безжична мрежа
Видете го поглавјето „Поставки за мрежа за детални
информации за конфигурацијата".
Чекор 3: Репродуцирајте споделени
датотеки со прелистувачот на медиуми
Изберете го прелистувачот на медиуми со
левото или десното копче од главното мени
Македонски - 129 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents