Vox LED SMART39ST2880 Operating Instructions Manual page 111

Table of Contents

Advertisement

• Немојте да го поставувате телевизорот на
нестабилни или криви површини, бидејќи може
да падне.
• За да не го оштетите, не ставајте никакви
предмети одозгора на телевизорот.
• Користете само во умерена клима.
Кабел за напојување и приклучок
• Струјниот кабел треба да биде лесно достапен.
Во случај на невреме и грмотевици, кога одите на
одмор, или кога телевизорот нема да се користи
подолго време, исклучете го кабелот од штекерот.
• ТВ-уредот се исклучува од напојувањето преку
приклучокот и затоа тој мора секогаш да е
достапен.
• Немојте врз кабелот да го ставате уредот, некој
дел од мебелот итн. или да го прештипнувате
кабелот.
• Ракувајте со кабелот за неговиот приклучок,
немојте да го исклучувате со директно тргање
на самиот кабел.
• Никогаш немојте да го фаќате кабелот и
приклучокот со влажни раце, бидејќи тоа може
да предизвика краток спој или струен удар.
• Никогаш не врзувајте го кабелот во јазол и не
врзувајт го со други кабли.
• Каблите за напојување треба да се постават за
да не се гази врз нив.
• Оштетен кабел/утикач за напојување може да
предизвика пожар или струен удар. Кога ќе
се оштети, треба да се замени од страна на
квалификувана личност.
Влага и вода
• Не употребувајте го овој уред на место каде
има влага и пареа (избегнувајте ги бањата,
мијалникот во кујната, како и близината на
машината за алишта).
• Немојте да го изложувате телевизорот на дожд
или вода, бидејќи тоа може да биде опасно.
• Немојте да поставувате објекти полни со
вода, како на пример вазни, врз телевизорот.
Избегнувајте покапување или прскање.
• Доколку во ТВ-уредот навлезе цврст предмет или
течност, исклучете TV од напојување и повикајте
стручно лице да го провери пред понатамошно
ракување.
Вентилација
• Процепите и отворите на ТВ-уредот се наменети
за вентилација и за обезбедување на сигурна
работа.
• За да не дојде до прегревање, овие отвори не
смеат да бидат блокирани или покриени на каков
било начин.
Извори на топлина и отворен пламен
• Немојте да го изложувате телевизорот на
директна сончева светлина или други извори
на топлина.
• Уредот не смее да се поставува во близина на
отворен пламен и извори на силна
топлина, како на пример електрична
греалка.
• Не ставајте извори на отворен
пламен, како запалени свеќи, врз
ТВ-уредот.
Јачина на звук во слушалките
• Прекумереното пуштање на звук од
слушалките може да доведе до губење
на слухот, Ве молиме, внимавајте!
Закачување на ѕид (опционо)
• За да не дојде до повреда, овој ТВ-уред мора да
биде безбедно закачен на ѕид во согласност со
упатствата за инсталација (ако има таква опција).
Чистење
• Пред чистењето, извлечете го приклучокот на
уредот од штекерот.
• Не употребувајте течни средства за чистење или
спрејови. Употребувајте само мека и сува крпа.
Македонски - 110 -

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents