Bosch PFS 3000-2 Original Instructions Manual page 219

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 17
OBJ_BUCH-2024-002.book Page 219 Friday, February 28, 2014 9:28 AM
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 По секоја употреба, темелно исчистете ги
поединечните делови на системот за фино прскање,
особено компонентите што спроведуваат боја.
Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и
безбедна работа на пиштолите за прскање. При
недостиг или нестручно чистење нема да се презема
право на гаранција.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење (види слика M)
Пиштолите за прскање и резервоарот за материјалот за
прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување (раствор или вода) за користениот
материјал за прскање.
Никогаш не ги чистете млазниците и отворите за воздух на
пиштолот за прскање со остри предмети.
– Исклучете ја основната единица 20.
– Од основната единица 20 како и од пиштолот за
прскање 1 извадете го цревото за вентилација 18 (со
четвртина вртење на бајонет-завртката 19 во правец
спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја
бајонет-завртката 19 од приклучокот 8/27).
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со
крпа натопена со средство за разредување, потоа
тргнете ги настрана основната единица 20 и цревото за
вентилација 18 од непосредното место на чистење.
– Притиснете го контролниот прекинувач 5 на пиштолот
за прскање, за да може материјалот за прскање да се
врати во резервоарот.
– Отшрафете го резервоарот 7 и испразнете го
преостанатиот материјал за прскање назад во
амбалажата со оригинален материјал за прскање.
– Наполнете го резервоарот 7 до половината со средство
за разредување (раствор или вода) и повторно
прицврстете го на пиштолот за прскање 1.
– Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
– Отшрафете го резервоарот 7 и целосно испразнете го
во празна лименка.
– Демонтирајте ја преклопната навртка 3, капачето за
вентилација 2, искористеното капаче со млазница 9/10
и цевката за вшмукување 15 со дихтунгот за садот 14.
– Во една кофа со средство за разредување исчистете ги
сите делови што спроведуваат боја со една четка за
чистење 25 или вообичаена четка за миење.
Исчистете го и каналот за боја 17 на пиштолот за
прскање 1.
Bosch Power Tools
– Проверете дали во цевката за вшмукување 15 со
дихтунгот на резервоарот 14 има материјал за прскање
и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот 14
уште еднаш со средство за разредување.
Исчистете го отворот за проветрување 16 со четка за
чистење 25.
– Исчистете го резервоарот и пиштолот за прскање
однадвор со крпа натопена во средство за
разредување.
– По потреба, темелно исчистете го ситото за полнење 11
со средство за разредување.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се
исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Чистење на филтерот за воздух (види слика N)
Филтерот за воздух 29 мора да се исчисти повремено.
Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се
замени.
– Отворете го поклопецот за филтерот за воздух 26.
– Извадете го филтерот за воздух 29.
– Лесна нечистотија:
Тропнете со филтерот за воздух 29.
или
Јака нечистотија:
Исчистете го филтерот за воздух 29 под истечна вода и
оставете го добро да се исуши, за да го избегнете
создавањето на мувла.
или
Заменете го филтерот за воздух 29.
– Повторно ставете го филтерот за воздух.
– Повторно затворете го поклопецот за филтерот за
воздух 26.
Депонирање на материјалот
Средствата за разредување и остатоците од материјал за
прскање мора да се отстранат на еколошки начин.
Внимавајте на упатствата на производителот за
депонирање и месните прописи за посебно депонирање
на отпадот.
Хемикалии штетни за околината не смеат да достигнат на
земјата, во подземни води или во површински води.
Хемикалиите штетни за околината никогаш не ги фрлајте
во канализација!
Складирање
– Темелно исчистете го системот за фино прскање пред
да го складирате и извадете го резервоарот 7 од
пиштолот за прскање 1.
Македонски | 219
2 609 007 771 | (28.2.14)

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents