Чистење На Фиоката За Детергент; Tub Clean (Чистење Корито) (Изборно) - LG FH2U2HDN Series Owner's Manual

Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Чистење на фиоката за
детергент
Детергентот и омекнувачот на ткаенини може да
се наталожат во фиоката за детергент. Вадате ја
фиоката и додатоците еднаш или двапати месечно
за да проверите дали има талог.
1
Извадете ја фиоката за детергент повлекувајќи
ја директно надвор додека не застане.
• Притиснете надолу силно на копчето за
раздвојување и извадете ја фиоката.
2
Извадете ги додатоците од фиоката.
• Исплакнете ги додатоците и фиоката со
топла вода за да го отстраните талогот од
производите за перење. Користете само вода
за да ја исчистите фиоката за детергент.
Избришете ги додатоците и фиоката со мека
ткаенина или крпа.
3
За да го исчистите отворот за фиоката,
користете крпа или мала, неметална четка.
• Отстранете ги сите остатоци од горниот и
долниот дел на отворот.
4
Избришете ја влагата од отворот со мека
ткаенина или крпа.
5
Вратете ги додатоците во соодветните
прегради и вратете ја фиоката на место.
Tub Clean (Чистење корито)
(Изборно) (
)
Чистење корито е специјален циклус за чистење на
внатрешноста на машината за перење.
Се користи повисоко ниво вода во овој циклус при
повисока брзина на центрифугата. Редовно пуштајте
го овој циклус.
1
Извадете ги сите алишта од машината за
перење и затворете ја вратата.
2
Отворете ја фиоката за детергент и додајте
средство против бигор (на пр., Calgon) во
главната преграда за перење.
3
Затворете ја фиоката бавно.
4
Вклучете го напојувањето и притиснете и
задржете го копчето Tub Clean 3 секунди.
Потоа „
" ќе се прикаже на екранот.
5
Притиснете го копчето Старт/Пауза за старт.
6
Откако ќе заврши циклусот, оставете ја вратата
отворена за да дозволите да се исушат
отворот на вратата, флексибилниот дихтунг и
стаклото на вратата.
ВНИМАНИЕ
• Ако има деца во близина, внимавајте да не
ја оставите вратата отворена премногу долго
време.
НАПОМЕНА
• Не додавајте детергент во преградите за
детергент. Прекумерната пена може да
предизвика протекување од машината за
перење.
31

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents