Одмрзнување - Vox IKG2600 User Manual

Built in refrigerator fridge - freezer
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Одмрзнување
Одмрзнување на фрижидерот:
• Одмрзнувањето се случува потполно автоматски во текот на работата, одмрзнатата
вода се собира во полицата за испарување и сама испарува.
• Отворот за одвод на одмрзнатата вода треба периодично да се чисти со чепот со
цел да се спречи собирање на водата на дното на фрижидерот наместо нејзиното
одлевање.
• Одводот можете да го исчистите со истурање на половина чаша вода внатре
Одмрзнување на замрзнувачот:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да го направите ова, немојте никогаш да користите остри
метални алати, освен ако не се препорачани од производителот, бидејќи тие може да
го оштетат разладното коло.
После некое време, во некои делови на фрижидерот ќе се собере мраз. Насобраниот
мраз во замрзнувачот треба од време на време да се отстранува (користете ја
пластичната стругалка).
Целосно одмрзнување е потребно ако слојот мраз е подебел од 3-5 мм, со цел да се
задржи ефикасноста на замрзнувачот.
• Ден пред одмрзнувањето, поставете го термостатот на позиција 5 за целосно да ги
замрзнете производите.
• За време на одмрзнувањето, замрзнатите производи треба да се завиткаат во
неколку слоја хартија и да се чуваат на ладно место. Неизбежното покачување
на температурата ќе им го скрати рокот на траење. Не зааборавајте да ја изедете
оваа храна што побрзо.
• Поставете го термостатот на позиција „" и исклучете го уредот.
• Оставете ги вратите отворени за да го забрзате одмрзнувањето. Отстранете ја
одмрзнатата вода од одделот.
• Рачно исчистете ја внатрешноста со млака вода и малку детергент.
• Никогаш немојте да користите абразивни средства за чистење.
• Исушете ја внатрешноста, вклучете го кабелот и поставете го термостатот на
позиција 5. После 24 часа вратете го термостатот на саканата позиција.
MK -60-

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents