Чување На Храна Во Уредот; Оддел На Фрижидерот; Оддел На Замрзнувачот - Vox IKG2600 User Manual

Built in refrigerator fridge - freezer
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
• Доколку уредот е исклучен или снемало струја, мора да оставите барем 5 минути
пред да го рестартирате, со цел да не го оштетите компресорот.
• Замрзнувачот лади до -18С и пониско.
ТРЕТ ДЕЛ:
Оддел на фрижидерот
Фрижидерот се користи за чување на свежа храна за неколку денови.
• Не поставувајте ја храната во директен контакт со задниот ѕид на фрижидерот.
Оставете малку простор околу храната за да може да циркулира воздух.
• Не поставувајте жешка храна или испарлива течност во фрижидерот.
• Секогаш чувајте ја храната во затворени садови или завиткана.
• За да се намали влажноста и со тоа појавата на мраз, никогаш не оставајте
течности во незатворени садови во фрижидерот.
• Сите видови на месо, завиткано во пакувања, се препорачува да се постават на
стаклената полица веднаш над фиоката за зеленчук, бидејќи таму воздухот е
поладен.
• Можете да ги поставите овошјето и зеленчукот во фиоката за нив без да ги пакувате.
• За да не бега ладниот воздух, не отворајте ја вратата пречесто и не оставајте ја
отворена долго време.
Оддел на замрзнувачот
Замрзнувачот се користи за замрзнување на свежи храни и за чување на замрзната
храна во период означен на пакувањето, како и за правење коцки мраз.
• За замрзнување на свежа храна, завиткајте ја и запечатете ја правилно, односно
пакувањето треба да биде без воздух и да не тече. Идеално користете специјални
вреќички за замрзнување, алуминиумска фолија (подебела, свиткана двапати),
полиетиленски кеси и пластични садови.
• Не дозволувајте и на храната која треба да биде замрзната да се допира со веќе
замрзната храна.
• Секогаш означувајте го датумот и содржината на пакувањето и не преминувајте го
препорачаното време на чување.
• Во случај на недостиг на струја или дефект, замрзнувачот може да задржи доволно
ниска температура за чување на храната. Сепак, избегнувајте да ја отворате
вратата, со цел да го забавите покачувањето на температурата во замрзнувачот.
• Максималната количина на свежа храна која може да се стави во замрзнувачот во
рок од 24 часа е означена на етикетата (видете Капацитет на замрзнување).
• Никогаш не оставајте топла храна во замрзнувачот.
• При купување и складирање на замрзната храна, осигурете се дека пакувањето е
здраво.
• Рокот на чување и препорачаната температура се означени на пакувањето. За
складирање и користење, следете ги советите на производителот. Ако нема
никаква информација, храната не треба да се чува подолго од 3 месеци.
• Замрзнатата храна која што сте ја купиле ставете ја во замрзнувачот најбрзо што
ЧУВАЊЕ НА ХРАНА ВО УРЕДОТ
MK -58-

Advertisement

Table of Contents
loading

Table of Contents