LG MFL69309711 Owner's Manual page 287

Hide thumbs Also See for MFL69309711:
Table of Contents

Advertisement

Available languages
  • EN

Available languages

  • ENGLISH, page 1
Во зависност од местото на гледање може да забележите различна
осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е
поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува
неисправност.
Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата. Избегнувајте
прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на подолг временски
период.
Генериран звук
Звук на "крцкање": Звукот на крцкање кој настанува за време
на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при
термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа
до термички деформации. Брмчење на електричните кола/
зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата
со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи
количини на струја за функционирање на производот. Шумот се
разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното
функционирање на производот.
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на
телевизорот (на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може да
предизвика неисправност на производот.
Подготовка
ЗАБЕЛЕШКА
Прикажаната слика може да се разликува од вашиот
телевизор.
OSD (On Screen Display - приказ на екранот) може малку да се
разликува од приказот што е даден во ова упатство.
Достапните менија и опции може да се разликуваат во
зависност од влезниот извор или моделот на производот кој
го користите.
Во иднина, на овој телевизор може да му бидат додадени
нови функции.
Елементите кои се испорачуваат со вашиот производ може да
се разликуваат во зависност од моделот.
Спецификациите на производите или содржината на
ова упатство може да бидат променети без претходно
известување заради надградување на функциите на
производите.
За оптимално поврзување, HDMI каблите и USB уредите треба
да имаат лежиште со дебелина помала од 10 mm и широчина
помала од 18 mm. Доколку USB кабелот или USB меморискиот
уред не може да се вметне во USB влезот на телевизорот,
употребете продолжителен кабел кој поддржува USB 2.0.
B
B
A
A
Користете сертифициран кабел со логото HDMI.
Користете сертифициран кабел со логото HDMI. (Препорачани
типови на HDMI кабли)
TM
- HDMI®/
кабел со голема брзина (3м или помалку)
TM
- HDMI®/
кабел со голема брзина со Ethernet (3м или
помалку)
Како да го користите феритното јадро (Во зависност од моделот)
- Користете го феритното јадро за намалување на
електромагнетните пречки во кабелот за напојување.
Намотајте го еднаш кабелот за напојување на феритното
јадро.
[Страна на ѕидот]
10 cm (+ / -2 cm)
<
*A
10 mm
=
<
*B
18 mm
=
[Страна на телевизорот]
7

Hide quick links:

Advertisement

Table of Contents
loading

This manual is also suitable for:

1604-rev01

Table of Contents